Зуење во уши, клукање во колена или кликање на вилица...

Нашето тело е создадено од голем број мускули и коски, надополнети со месо, жили и нервен систем. Секојдневно сме во движење и ги користиме сите 752 мускули во телото, а нашите коски може да „’рѓосаат“, бидејќи како старееме тие стануваат сè помеки и полесно кршливи.

Како комплициран организам, телото може да ни покаже и да ни кажува што не е во ред со него, уште пред да настапат очигледните симптоми. Токму затоа, потребно е да го слушате и да реагирате на звуците кои ги произведува, а особено не треба да ги игнорирате болките.

Кркорење во желудникот



Желудникот најчесто произведува звуци на кркорење кога сме гладни, но тие звуци се создаваат поради чувство на глад. Но, желудникот може да се чуе и кога се обработува храната, течноста или кога воздух поминува низ цревата. За тие звуци виновна е перисталтиката, при што доаѓа до контракција на мускулите на органот кои притискаат и ја насочуваат храната кон излезниот отвор.

Звуците во желудникот може да се создадат дури и ако помислиме, видиме или почувствуваме храна – бидејќи мозокот праќа сигнали во стомакот и цревата.

Причина за кркорење може да биде алергија на храна, лекови, особено лаксативи, но и чир на желудникот, хернија или инфекција. Сепак, при овие болести, кркорењето нема да биде единствен симптом, туку се појавува и крв во столицата, болка во стомакот, како и отекување. Во тие случаи, потребно е да го посетите вашиот лекар.

Прескокање и крцкање на вилицата



До прескокнување и крцкање на вилицата доаѓа најчесто поради дисфункција на зглобот на вилицата, односно поради измрдан диск за кој е потребен еден „клик“ за да се намести.

- Кликнувањето, шкрипењето или пукањето во зглобот се симптоми на некое нарушување. Се јавуваат ако дискот, кој го спречува нормалниот судир меѓу зглобните тела, е надвор од својата нормална положба, со појава на кликање. Зглобните звуци се незгодни за пациентите, но ако со нив не се јавува и болка или ограничено движење на долната вилица, нема потреба за терапија, истакнува д-р Маја Матеша, која се бави со оваа проблематика.

Но, ако дојде до тоа, треба да го посетите вашиот матичен стоматолог, за да се утврди што го предизвикува овој проблем, бидејќи некогаш е потребно само да се наместат вилиците и забите да се поклопуваат на правилен начин.

Овие проблеми може да се предизвикаат од синдром на виличниот зглоб, кој кај некои може да биде безболно и брзо да помине, додека кај други може да предизвика интензивни болки, како и нивно ширење во лицето, вратот и рамената.

- Лечењето на зглобната положба вклучува физикални вежби и аналгетици. Се препорачува да не ја отворате многу устата и да не правите многу екстремни движења, зевања, гризење на храна, додава д-р Матеша.

Зуење и пулсирање во увото



Оваа појава стручно се нарекува тинитус, а звуците може да бидат константни или да се појавуваат во интервали. Освен зуењето и шумолењето, може да слушнете и одѕвонување и свирење, предизвикано од претерана чувствителност на нормален звук, а може да му штети на спиењето, како и на концентрацијата.

Кај тинитусот, потребно е да вежбате со цел да имате подобра циркулација во мозокот, односно зголемен крвоток во главата, а исто така треба да го намалите внесувањето на сол преку исхраната.

Ако овие звуци ви го оневозможуваат секојдневното нормално функционирање, посетете оториноларинголог кој ќе ве прегледа и ќе воспостави за што станува збор. Обично пулсирањето се јавува при поголема консумација на кофеин, алкохол, благо и зголемен стрес. На овие пациенти им се советува релаксирање и избегнување на производите кои го создаваат пулсирањето. Во овие случаи, крвниот притисок расте до таа мерка што може да се слушне. Ако не ја игнорирате појавата, на време може да ги излекувате или превенирате појавата на тешки кардиоваскуларни проблеми.

Клукање во коленото



Како и кај зглобовите, така и кај колената може да дојде до клукање поради прескок на лигаменти или тетиви па дури и поради коскени испакнувања. Сепак и овие знаци како и другите, не се сериозни се додека не почувствувате слабост и болка во колената. Може да дојде и до тоа да не можете да го помрднете коленото.

За да се решите од ова, важно е најпрво да посетите лекар за да направи дијагноза, а треба и да почнете да вежбате со цел да ги зајакнете мускулите и колената. Важно е пред сè да се загреете и да ги истегнете нозете, за да не дојде до повреда пред и по вежбањето.

Клукање во вратот и грбот



Со ова се соочуваат оние кои секојдневно седат и неправилно го држат грбот. Исто така, причината за тоа може да биде општа напнатост поради стресна работа. Клукањето во вратот може да биде последица на болен синдром на вратните пршлени, а во тоа спаѓаат и случаите кога болката ќе почне да се шири кон рамената и клучната коска. Болката во вратот може да се прошири се до прстите, кои може да почнат да ви трпнат.

Кога ги истегнуваме вратот и грбот, доаѓа до моментално намалување на напнатоста во мускулите на вратот или грбот, но не треба да ги игнорираме главните причини на овие болки. Потрудете се да се движете почесто или барем да се опуштате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...