И радоста може да го „скрши“ срцето

Радосни и весели случувања можат да предизвикаат синдром на „скршено срце“ еднакво како и интензивен емоционален шок по раскинувањето на љубовна врска или смрт на блиско лице, објавија научниците од Универзитетската болница во Цирих.



Во студијата објавена во списанието „The European Heart Journal“ научниците анализирале податоци на 485 пациенти од неколку земји каде бил дијагностициран „синдром на скршено срце“ (со стрес предизвикана кардиомиопатија, исто така, наречена Tako-Tsubo или ТТS), кој настанува по емоционалниот шок и утврдија дека предизвикувачи за некои од овие случаи биле среќни и радосни настани.

Затоа, таквата варијанта на скршено срце ја нарекле „синдром на среќно срце“, а таквите 485 случаи ги избрале меѓу 1.750 случаи на TTS кои можат да бидат смртоносни.

Кај други пациенти, предизвикувач на синдром на скршено срце бил од телесна природа, потоа од телесно-емоционална природа или причината била неидентификувана.

- Ние покажавме дека предизвикувачи на TTS можат да бидат различни отколку што сме мислеле. На болеста може да и претходи и позитивна емоција, рече Јелена Гадри, коавторка на студијата.



Лекарите мораат да имаат на ум дека „пациентите донесени на итен прием со знаци на срцева криза, како што се болки во градите или чувство на недостиг на воздух настанати заради напливот на среќните емоции, можат да имаат TTS подеднакво како и пациенти кои доживеале негативен емоционален шок“.

Синдромот на скршено срце или Tako-Tsubo првпат опишан е во Јапонија, од каде што е неговото име, а особено ги погодува жените по менопауза, затоа што повеќе не ги штити хормонот естроген.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...