Нов третман го уништува ракот за 11 дена

Тим на британски лекари соопшти дека пронашол нова две компонента терапија што го уништува ракот на градите за мошне краток период. Тие се изненадени од ефектите на терапијата и веруваат дека истата ќе спаси илјадници жени од хемотерапија.

Лекарите ја спровеле новата метода на лечење врз жени кај кои била дијагностицирана агресивна форма на рак на градите. Во 87 проценти од случаите пациентите реагирале на лековите и ракот престанал да се распространува по телото. Во 11 отсто од случаите канцерот целосно се повлекол, додека во 17 отсто значително се намалил.

Лекарите ги комбинирале веќе постоечките лекови Tyverb и Herceptin и им ги давале на пациентите веднаш штом им била дијагностицирана болеста. Целта им била да се намалат туморите пред предвидените операции, но кога се обиделе да го отстранат ракот сфатиле дека во некои случаи истиот е целосно повлечен.

-Досега не сме слушнале големи тумори да исчезнат за 11 дена. Ова се неверојатни резултати, вели професорот Најџел Бундред, водач на истражувањето.

Лекарите ќе го повторат лечењето со оваа метода со цел да ги потврдат резултатите од првата студија во која беа инволвирани 257 жени заболени од рак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...