Сè што треба да знаете за пилонидална инфекција на задникот

Пилонидалната болест е хронична инфекција на кожата која се појавува на многу незгодно место – задникот. Состојбата која настанува преку растење на внатрешно влакно во внатрешноста на кожата, почесто се јавува кај мажите отколку кај жените и тоа од пубертет до 40-годишна возраст. Исто така, почесто е кај оние со прекумерна телесна тежина и кај оние кои имаат појаки и подебели влакна.



Симптомите на пилонидалната болест варираат од мали дупчиња до големи болни маси, често исполнети со чиста, бистра или заматена течност. Ако се развие инфекцијата, на седалните мускули, местото станува црвено, тврдо, осетливо и болно со гноен секрет и чуден мирис. Инфекцијата може да предизвика треска, слабост и гадење.

Речиси кај сите пациенти се јавува состојба кога настанува апсцес (собирање гној). Откако ќе се реши оваа состојба, самостојно или медицинско, се развива пилонидален синус (шуплина под кожниот слој со која се поврзани еден или повеќе отвори). Иако многу такви синуси се отвораат и затвараат без терапија, многу пациенти сепак треба да подлегнат на мал оперативен зафат. Помал број на пациенти имаат повторни воспаленија и инфекции на овој дел, за кои операцијата е неизбежна.



Лечењето зависи од тоа како се одвива болеста. Кај акутниот апсцес се прави зарежување преку кое се создава отвор за течење на гнојот односно дренажа со цел да се намали воспалението и болката. Таа постапка се прави медицински со локална анестезија. Хроничниот синус се санира преку сечење. Во случај на повторувачки инфекции потребни се хируршки зафати кои бараат повеќе време за да заздрават.

Ако мора да се остави раната отворена, неопходно е превивање со цел да се излекува соодветно. Затворањето на раната е поголем оперативен зафат, кој кај некои пациенти е задолжителен. Раната мора да биде чиста, сува и да се отстрануваат влакненцата се додека кожата целосно не зарасне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...