Дали навечер се будите од нагон за мокрење?

Секоја трета личност се буди барем два пати навечер за да мокри, а дури 80% од постарата популација има почести ноќни посети во тоалетот. Оваа појава се нарекува ноктурија, односно ноќно мокрење. Според критериумите на интернационалното здружение за воздржување, ноктуријата подразбира едно мокрење во текот на ноќта, но клиничка дијагноза се поставува ако личноста се буди за да мокри два или повеќе пати навечер.



Според зборовите на д-р Винка Вукотиќ, уролог, само будењето од сонот кое е предизвикано од чувството за потреба за мокрење се третира како ноктурија.

- Нарушувањето на сонот, лошиот и немирен сон со често будење, може да го стимулира пациентот често да оди во тоалет, но овој вид на мокрење не се третира како ноктурија. Овие личности, ако го регулираат сонот, ја губат потребата за ноќни мокрења.

До неодамна, овој проблем не бил познат или се сметал дека е последица од зголемена простата. Пред неколку години почнал да се испитува и оттогаш е воспоставено дека оваа потреба не се јавува само кај мажите туку и кај жените.

Причините за ноктурија може да бидат различни. Уролошките причини се зголемена простата, но и намален капацитет на мочниот меур или т.н. хиперактивен мочен меур, кој се јавува и кај двата пола. Други причини може да се дијабетес, срцеви заболувања, проширени вени, како и одредени лекови. Исто така може да се и физиолошки причини, поврзани со процесите во организмот, кои се случуваат со самото стареење.



- Кај постарите се менува лачењето на антидиуретскиот хормон, кој го регулира создавањето на урина во рок од 24 часа. Вообичаено е 2/3 од вкупната дневна количина на урина да се излачува преку ден, а само 1/3 преку ноќ. Кај постарите овој однос се менува, така да голема количина на урина се излачува навечер. Со оглед на тоа дека количината на урината од еден литар го надминува вообичаен капацитет на мочниот меур од околу 300мл, јасно е дека е неопходно да се мокри повеќе пати во текот на ноќта, додава д-р Вукотиќ.

Во поставувањето на дијагнозата најзначаен е дневникот на мокрење. Тоа подразбира пациентот да запишува кога мокри во текот на денот и ноќта и колку количина на урина лачи. На овој начин може да се воспостави дали постои ноќна полиурија т.н. зголемено ноќно излачување на урина или се работи за намален капацитет на мочниот меур.

- Ако се воспостави дека капацитетот на меурот е намален, може да се даваат лекови кои во главно успешно ја намалуваат фреквенцијата на ноќното мокрење. Ако е зголемено ноќното излачување на урината, се дава лек кој го менува лачењето на антидиуретичниот хормон, но е неопходно да се внимава при негова примена кај постарите од 65 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...