Зголемена простата: Кои се симптомите и како успешно да се лекува?

До бенигно зголемување на простата најчесто доаѓа поради хормонски промени кои настапуваат поради стареењето. Речиси 50% од мажите постари од 50 години имаат зголемена простата. Од овој број 30% имаат проблеми со мокрење.



Зголемувањето на простата има два вида симптоми: Иритативни и опструктивни. Под иритативни спаѓаат зачестено мокрење преку ноќ и ден, испуштање на урината и итност за одење во тоалет.

Опструктивни симптоми се:

-Послаб млаз
-Чекање на почеток при мокрење
-Прекинување на млаз
-Чувство на непотполно празнење
-Капење по мокрењето

- Првите знаци се јавуваат во раните 40 години. По 60-тата година, речиси секој втор маж има тегоби предизвикани од зголемена простата. Со стареењето, симптомите сè повеќе се изразени. Ако пациентот ги има опишаните симптоми, јасно е дека болеста е присутна и дека треба да се лекува, смета урологот д-р Невен Капун.



Токму поради иритативните симптоми мажите најчесто го посетуваат урологот. Многумина стравуваат од рак на простатата и целосно застанување на урината, но ретко кога напреднуваат симптомите толку брзо да дојде до целосен застој или камен во мочниот меур. Кај хроничниот застој, во урината исто така се појавува и крварење, како и можност за бубрежно откажување.

При прегледот се прави палпација на простатата, преглед на урината, а по потреба и ултразвук на мочниот меур пред и по мокрење. Исто така се прави и крвна слика.

За да ја излекувате простатата мора да смените неколку животни навики меѓу кои и исхраната. Треба да избегнувате зачинета храна, газирани пијалаци, алкохол, кафе и седење на ладно. Додека пак кај помладите пациенти, кои се соочуваат со овој проблем, лечењето започнува на природен начин преку билни чаеви од коприва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...