Матични клетки за регенерирање на секое ткиво

Матичните клетки веќе подолг период се користат во медицинските истражувања, па и се применуваат за лечење на разни состојби – од повреди на рбетниот столб па до слепило.

Истражувачки тим од University of New South Wales (UNSW) работи на усовршување на нова техника на терапија со матични клетки, способни да регенерираат било кое човечко ткиво оштетено од повреда, болест, или старост, за која постои шанса за неколку години да се појави на пазарот.



Има два типа на матични клетки: ембрионски, кои за време на развивањето на ембрионот го генерираат секој тип на клетка во човечкото тело и возрасни, кои се специфични за одредени ткива и не се способни да регенерираат ткиво од друг тип. Ембрионските се многу подобри за користење, но нивната употреба е исклучително контроверзна.

Новиот метод кој го развиле истражувачите од UNSW се состоел од земање на материјали од коска и масни клетки од возрасен човек, кои потоа биле трансформирани во матични клетки и вметнати во глувци.

Технологијата инволвира екстрахирање на масни клетки и нивно третирање со соединението 5-Azacytidine (AZA), заедно со тромбоцити добиени од фактор на раст AB (PDGF-AB), во траење од два дена. Потоа, клетките се третирани само со факторот на раст дополнителни две до три недели. АZA, всушност, ја поттикнува пластичноста на клетките и им ја „брише меморијата“, а факторот за раст го засилува тој процес.

По овој третман, клетките ги добиваат скоро истите карактеристики како ембрионските, и доколку се внесат во оштетено ткиво, ќе бидат способни да го заздрават.

Ова е огромен чекор во споредба со останатите терапии со матични клетки, бидејќи ембрионеските се склони кон формирање тумори, додека другите користат вируси за да се трансформираат во матични клетки.

Сегашните тестирања се вршат со човечки клетки вметнати во глушец, а при крај на 2017-та се очекува тие да се вршат и врз луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...