Лекот е во нас: Да го поттикнеме самото тело да го убие ракот

Ракот е една од најопасните болести на денешницата, а иако се уште нема лек, научниците секој ден се сè поблизу до откривање. Токму овој факт го потврди д-р Стивен Росенберг од Националниот институт за рак во Мериленд. Овој познат доктор смета дека се наоѓаме на чекор до откривањето на вистинската и точна терапија за лечење на оваа тешка болест.



Д-р Росенберг е еден од водечките лекари кои се занимаваат со имунотерапија за борба против ракот. Тврди дека наместо да бараме надворешни фактори со кои би се бореле против оваа болест, мора да се свртиме кон телото во кое и се наоѓа лекот.

- Наместо да се надеваме на хемотерапијата, радијацијата и операциите за отстранување на туморот, имунотерапијата го поттикнува телото само да се бори против опасните клетки рак, изјави д-р Росенберг.

Поминаа 40 години откако тој го создаде лекот Interleukin-2, прва во светот делотворна техника за имунотерапија. До денес имунотерапијата се проширила, дури и маргиналната можност за лекувања стана темел на националната стратегија за борба против ракот, која вклучува мултимилионски износ за универзитетски поддршки, масовни инвестиции и фармацевтски компании.



- Целиот овој напредок не значи дека имаме лек, но успеавме да докажеме дека имунотерапијата е оружје кое се покажало како најуспешно во борбата со ракот, вели д-р Росенберг и додава дека лечењето со имунотерапија за сега се покажало како повеќе успешно кај лекувањето на болестите на крвта, отколку кај останатите облици на тумор.

- Сè додека на пациентите не им дадеме вистински лек кој ќе ги излекува од болеста, до тогаш имаме многу работа, заклучи тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...