„Вештачки панкреас“ против тип 1 дијабетес

Истражувачите од University of Virginia School of Medicine и Harvard John A. Paulson School of Engineering and Applied Sciences спремаат проект за кој ќе се одвиваат досега најдолгорочните клинички тестови во борбата против дијабетесот, потпомогнат од National Institute of Health (NIH) со парични средства ви износ од 12.7 милиони долари.



Дијабетесот, како што е познато, е едно од најчестите хронични заболувања. Кај дијабетичарите, имуниот систем ги напаѓа и уништува бета клетките на панкреасот кои произведуваат инсулин, така што се произведува многу малку (или воопшто) инсулин потребен за регулирање на шеќерот во крвта. Поради тоа, тие мора постојано да ги мерат нивоата на шеќерот во крвта и по потреба, да внесуваат инсулин преку специјални пумпички, или инјекции. Доколку тоа не го направат, постои опасност од хипогликемија (низок крвен шеќер) и многу други компликации.

Вештачкиот панкреас кој го создале истражувачите не е реплика на вистинскиот орган, туку се работи за автоматизиран систем за испорака на инсулин, дизајниран да ја имитира регулаторната функција за негова испорака која ја имаат здравите личности. Системот се состои од инсулинска пумпа, монитор за нивото на гликозата во крвта кој се поставува под кожата на пациентот, и софтвер со напреден алгоритам во вид на апликација за смартфон кој на уредот му сигнализира колку инсулин треба пумпата и да испушти во организмот, во зависност од неколку варијабли, како што се физичката активност, спиењето, нивото на стрес, типот и количината на изедената храна, како и од метаболизмот.



Системот ќе биде тестиран врз 240 пациенти на различни локации во САД и Европа, а тестовите ќе се одвиваат на два пати по 6 месеци, од кои во втората „тура“ ќе се тестираат 180 пациенти кои успешно ќе ја комплетираат првата студија.

Инаку, ќе се работи и на педијатриска верзија на овој „вештачки панкреас“, како и на верзија на уредот која што ќе може да се имплантира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...