Тританиумски спинален имплант

Компанијата Stryker, месец дена откога добила одобрување од Агенцијата за храна и лекови (FDA), на научниот собир во американската асоцијација на невролошки хирурзи во Чикаго, го претставила нивниот 3D принтан имплант наречен Tritanium PL Posterior Lumbar Cage.



Според Stryker, Тританиумот е високо порозен титаниумски материјал дизајниран биолошки да се фиксира и да срасне со коскеното ткиво при аплицирање во р’бетот. Намената му е да помогне за намалување на проблемите предизвикани од дегенеративни болести на р’бетните дискови, кои како што старееме, се сушат и ги губат нивните способности за апсорбирање/амортизирање на удари – што предизвикува болки во грбот со различен интензитет.

Овие импланти можат да се принтаат со пори со дијаметар од 500 микрони, што и дозволува на коската на пациентот да расте околу нив, овозможувајќи нивна целосна интеграција со телото. Тританиумот, инаку, е тип на титаниумска легура, што значи дека е исклучително цврст и издржлив, способен да ги симулира механичките карактеристики на човечката коска.



Tritanium Posterior Lumbar Cage лесно може да се принта прилагоден кон анатомијата на разни пациенти, и ќе биде имплантиран преку заден пристап, за да се осигура дека нема да го оштети мускулното ткиво околу р’бетот. Геометријата на овој „кафез“ содржи големи странични прозорци и отворена архитектура која на докторите ќе им овозможи на рендгенски скенови и компјутерска томографија полесно да ја визуелизираат коскената фузија и раст, со што опоравувањето на пациентот лесно ќе биде следено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...