ANTs – Нано мотори на иднината

Истражувачи од University of Cambridge развиле прототип на минијатурен мотор кој се очекува да има клучна улога во реализирање на вистински функционална нанотехнологија, од типот на малечки машини кои би патувале низ крвотокот и би убивале канцерогени клетки, бактерии и вируси, или кои би ги „реанранжирале“ геномите кај пациенти кои боледуваат од генетски болести.

Прототипот на овој мотор не личи на оние класичните, туку се состои од купче наелектризирани златни наночестички, групирани заедно во гел од полимери осетливи на температура. Начинот на кој што се напојува е релативно едноставен – кога се загрева со ласер, полимерскиот гел ја испушта водата од сопствената маса, при што колабира притоа чувајќи огромни количина на еластична енергија.



При тоа намалување, златните наночестички се групирани многу збиено, но штом полимерите се оладат, ја впиваат целата испуштена вода и бргу се шират, при што златните честички нагло се раздвојуваат и ја ослободуваат еластичната енергија.

Според зборовите на водачот на проектот, целиот процес всушност претставува еден вид на нано-федер. Овие минијатурни мотори (наречени ANTs – Actuating nano-transducers) произведуваат сила по единица тежина за стотици пати поголема од онаа на останатите мотори и мускули.

Тимот кој стои зад ANTs се надева дека овие малечки машини ќе бидат евтини за произведување, исклучително енергетски ефикасни, и ќе можат да се внесат во биолошките системи без никакви ризици.

Наредната фаза е соработка со неколку компании со чија помош оваа технологија би се комерцијализирала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...