Што му прави алкохолот на нервниот систем?

Повеќето од нас уживаат да пијат алкохол било во друштво или по напорен ден во тишина. Но, пред да се одлучите за тоа и денес, дали сте размислиле што му прави алкохолот на вашето тело, односно на вашиот нервен систем?



- Колку повеќе алкохол пиеме, толку попроблематични стануваме, смета професор Чарлс Пери, директор на институтот за испитувања за алкохол и дрога во Јужна Африка.

Тој смета дека повеќе незаразни болести и состојби целосно се поврзуваат со алкохолот, а во нив спаѓаат ментални нарушувања, чудни однесувања, фетален алкохолен синдром и нарушување на нервниот систем. Како всушност алкохолот влијае врз централниот и периферниот нервен систем?

Централниот нервен систем има витална улога без која телото не може да преживее. Овде спаѓаат и процесирањето на информации преку чувствата, контролирање на моторните функции, разбирање и размислување.

- Алкохолот влијае како депресант на мозокот и нервните ткива. Ова значи дека го забавува функционирањето на нервните клетки и активноста на Централниот нервен систем, објаснува неврологот д-р Стјуарт Киеран од Америка.



Можеби веќе сте осетиле дека повеќето луѓе обично стануваат поопуштени и позабавни откако ќе се напијат алкохол. Факт е дека острото чувство на еуфорија или опуштањето не е стимулација, туку резултат на „одредени делови на мозокот кој нормално го контролираат осудувањето, размислувањето и инстинктите“, додава д-р Киеран.

Како што пиете повеќе алкохол, тој навлегува во вашиот мозокот и влијае врз расудувањето, видот и претпазливоста, ја намалува концентрацијата, го намалува времето на реагирање и ја намалува ориентираноста. Само набљудувајте неколку луѓе кои веќе испиле над три чашки алкохол и ќе забележите очигледни знаци дека секој одговара различно на алкохолот. Многу фактори влијаат, сметаат од Американскиот национален институт за алкохол и алкохолизам. Овде спаѓа колку многу и колку често пиете алкохол, на која возраст сте почнале да пиете, кој пол сте, тежина, генерална здравствена состојба и фамилијарна историја на алкохолизам. Исто така фактор е и со што го консумирате алкохолот, дали чист, со храна или пак со мешање на дроги како што е марихуаната.

Алкохолот може да остави трајни последици врз мозокот и телото. Покрај оштетување на нервните клетки, долгото консумирање на алкохол може да предизвика и кратко губење на меморијата, заборавање, слабост, вкочанетост или трнење. Кои се останатите промени кои ги предизвикува алкохолот?

  • Оштетување на меморијата: Алкохолот може да предизвика губење на меморијата (амнезија), но и збунување и трајно губење на меморијата.
  • Нарушено одење, намалено време за реагирање и нарушена координација: Може да влијае врз внатрешното уво и мозокот кои влијаат врз рамнотежата и координацијата, предизвикувајќи тешкотии при одење или чувствување.
  • Нарушување при сон: Иако мала количина на алкохол може да има смирувачки ефект, тој го спречува спиењето. Може да предизвика кошмари и ноќни апнеи, како и проблеми со дишење за време на сон.
  • Промени во однесувањето: Етанолот во алкохолот може да ги оштети невротрансмитерите во мозокот, при што резултира со промени во однесувањето, депресија, нервоза и напади.
  • Црни дупки: Ова се случува ако набрзина испиете голема количина алкохол. Будни сте и способни за движење, одење и зборување, но не може да се сетите на некои работи кои се случиле. Индивидуалците кои често имаат „дупки во меморијата“ од пијанството имаат 70% поголеми шанси за да добијат труење од алкохол.
  • Периферна невропатија: Ова најчесто им се случува на оние кои хронично пијат алкохол. Алкохолот толку многу им влијае врз периферните нерви на нозете и стапалата, што тие не можат да се движат.

Сепак, алкохолот е добар се додека го пиете колку што сметате дека ви е доста без да имате некои несакани последици, бидејќи како и секоја друга дрога и тој има последици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...