Ултра-тенка „втора кожа“ за поубав изглед

Научници од MIT, Massachusetts General Hospital, Living Proof и Olivo Labs, после 10 годишно развивање, успеале да создадат еден вид на „втора кожа“ – скоро комплетно незабележлив слој од материјал кој ја заштитува и затега кожата врз која е аплициран.

Овој материјал има способност да го подмладува изгледот на кожата, да ја хидрира, заштитува од UV зрачење како и да внесува лекови преку неа. Сите овие карактеристики го прават идеален за користење во медицински апликации, но и во индустријата за убавина (мода, шминки и сл.).



Целта била да се создаде практично невидлив, но воедно и комфорен материјал, поради што се креирале над 100 разни полимери кои ја содржат хемиската структура силоксан, која е составена од синџири на атоми на силикон и кислород. Запазување на структурата била од исклучителна важност, бидејќи требало да им дозволува на полимерите да се спојат во попречно поврзани полимерски слоеви со цел што поверодостојно да се имитира здравата, вистинска кожа - не само во поглед на изгледот (оптичките својства морале да се скоро идентични), туку и на еластичноста и силината.

Финалниот производ претставува значаен чекор напред за козметичката и медицинската индустрија, бидејќи материјалот има подобри еластични својства отколку стандардните материјали (листови од силиконски гел и полиуретански филмови) кои денес се користат за лечење на рани. Може да се врати во првобитната состојба дури и откога ќе биде оптегната за повеќе од 250% (еластичноста на човечката кожа е 180%), а според направените студии, ја подобрува хидратацијата и еластичноста на кожата и може да се користи за „средување“ на подочниците.



Материјалот, кој што се нанесува во форма на две масти, моментално се развива за медицински и комерцијални апликации од страна на нова стартап, компанијата Olivo Laboratories.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...