IBM со молекула за искоренување на вируси

Тешкотијата во справување со вирусите (меѓу кои Ебола и Зика) е тоа што сите се исклучително различни, и секој од нив може да мутира и да креира различни нишки во склоп на истиот вирус. Затоа, научниците бараат заеднички карактеристики на вирусите кои би можеле да се искористат за да се развие моќна вакцина способна да се избори со секоја инфекција, а сега од IBM велат дека се блиску до такво нешто.



Тие развиле макромолекула (огромна молекула составена од многу помали) која има потенцијал да блокира повеќе типови на вируси, и покрај разните нивни варијации.

Научниците од IBM и Institute of Bioengineering and Nanotechnology од Сингапур при тестирањето на вирусите, ги игнорирале нивните RNA и DNA, кои ги даваат нивните карактеристики. Меѓутоа, бидејќи тие варираат од вирус до вирус и од мутација до мутација, научниците ги истражувале гликопротеините на вирусите, односно големите молекули закачени на нивната надворешност, кои се способни да се прицврстуваат на клетките во телото, што е всушност процесот кој не прави болни.

Макромолекулата која била развиена е способна да ги привлекува вирусите и да се закачува на гликопротеините, неутрализирајќи ја нивната киселост што им оневозможува да се реплицираат. Притоа, макромолекулата користи шеќерна компонента наречена маноза, која се закачува за здравите имунолошки клетки и ги привлекува поблиску до вирусот, забрзувајќи ја борбата со инфекцијата.

Биле направени тестови на вируси слични на Ебола и макромолекулите функционирале успешно. Научниците сметаат дека тие ќе можат да се користат во антивирусни марамчиња или детергенти, а понатаму и за создавање на вакцини кои би не заштитувале од многу поголем распон на вируси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...