Инсулинско апче за Тип 2 дијабетес на повидок

Мала израелска фармацевтска компанија Oramed Pharmaceuticals најавила дека нивниот инсулин кој се зема орално покажал исклучително успешни резултати во намалување на гликозата во крвта за време на спиење кај луѓето со Тип 2 дијабетес.



Пилулата е сè уште во експериментална форма, а моменталните податоци се базирани на истражувањата од средната (втора) фаза на нејзиниот развој. Меѓутоа, нејзиниот успех ги натерал експертите да ја преиспитаат ефикасноста на инсулинот кога се внесува орално.

Досега, постоело сомневање дека орално внесениот инсулин тешко го „преживува“ патот низ дигестивниот систем за да би го имал посакуваниот ефект – поради тоа, Oramed кај нивните пилули користеле заштитен слој и висока доза на инсулин за да и по поминувањето низ дигестивниот тракт во организмот биде испорачана клинички корисна дозна на хормонот.

Иако првичните резултати од истражувањата биле успешни, тие сега мора да се реплицираат во што поголем размер пред да бидат поднесени за одобрување до агенциите кои би требало да го одобрат (или не) лекот. Тоа ќе биде трета фаза на студијата.

Доколку ги помине сите фази и биде одобрена, оваа пилула најверојатно ќе биде мултибилион-доларски продукт за компанијата, бидејќи тоа ќе значи дека луѓето со Тип 2 дијабетес повеќе нема да мораат да внесуваат инсулин со инјекции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...