Биосензор за детектирање на канцери и невродегенеративни болести

Технологијата секојдневно станува сè помалa и помалa – од телефони, до телевизори и компјутери, новата технологија е сè полесна и по „микроскопска“.

Истото се однесува и на опремата која се изработува за медицинската индустрија, а доказ за тоа е и најновиот биосензор способен да детектира одредени типови на канцери и невродегенеративни болести.



Покрај тоа што е пренослив, има и нанометриска осетливост со чија помош може да детектираат молекули и во случај кога се присутни на многу ниско ниво во материјалот кој што се испитува.

Овој малечок електронски уред се состои од органски транзистор поставен на стаклена вага, изложен на течен медиум. Транзисторите се уреди со кои се регулира протокот на струјата и напонот, кои користат како еден вид на прекинувач или порта за електронски сигнали. Во зависност од архитектурата, транзисторите вообичаено се формирани од повеќе слоеви на разни материјали, но има и неконвенционални кои се изработени од само еден слој на материјал.



Во овој случај, транзисторот е направен од редуцирана форма на пептид глутатион (GSH). Ова соединение е познато по тоа што реагира со глутатион трансфераза (GST), ензим поврзан со болести како Паркинсоновата, Алцхајмеровата, како и ракот на дојката. Биосензорот, преку транзисторот ги користи овие GHS-GST реакции за да ја базира дијагнозата.

Тимот кој стои зад овој проект вели дека со едноставна замена на GSH со друго соединение осетливо на друг тип на молекули поврзани со одредени болести, уредот станува исклучително разноврстен бидејќи бројот на болести кои ќе може да ги открие не е лимитиран.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...