ЕПИДЕМИЈА ШТО БРЗО СЕ ШИРИ

Бегалците шират нова болест: Опасно распаѓање на кожата и телото

На Блискиот Исток се шири тропската болест лајшманијаза, која доведува до распаѓање на човечкото тело, а која се добива со каснување од песочна мува, инсект многу помал од комарец.



Кожното заболување лајшманијаза го предизвикува паразит кој навлегува во крвотокот. Каснувањето прави ужасно отворени рани, распаѓање на слојот на кожата и меките ткива. Оваа болест била распространета со векови во Сирија. Сепак, по избивањето на граѓанската војна и миграциската криза, се појавила епидемијата.

Истражувањето кое неодамна го правеле научници покажало дека стотици илјади луѓе моментално се заразени. Најголем број на потврдени дијагнози се кај луѓето кои поминуваат време во миграциските кампови или се заробени во воените зони. Се покажало и дека има над десет илјади дијагностицирани пациенти ширум Либија и Јемен.



- Видовме голем број на заразени во воените зони и мора итно да ги изолираме за да не се повторува ситуацијата која ја имавме со еболата во западна Африка пред две години, изјави Петер Хотез, декан на американското Национално училиште за тропска медицина и главен истражувач во ова студија.

Сирискиот здравствен систем е уништен од војната. Пациентите мора да патуваат 100км до најблиската болница, кои се половично онеспособени. Соседните земји, кои примиле милиони бегалци, ја потврдуваат епидемијата на лајшманијаза. Во Либан во претходните 12 години, забележани се шест случаи заболени од оваа болест. Сега се пријавени 1.033 случаи. Над стотици пациенти со оваа дијагноза се наоѓаат во Турција и Јордан.



Според медицинските научници, ситуацијата во источна Либија е критична, а бројот на заболените се зголемува. Во Јемен, околу 10.000 нови случаи се пријавуваат секоја година. Научниците предупредуваат дека болеста се шири и по бројот на заболени и по териториите на кои прв пат се забележува дијагнозата. Д-р Валед ал-Сален од Ливерпул изјавил дека болеста се проширила и во Ирак, Либан, Турција а вели дека со емигрантите ќе се појави и во земјите во Јужна Европа.

Д-р Валид предупредува дека болеста го шири „касањето од песочен инсект, кој е многу помал од комарец, а инфекцијата ги покажува симптомите два до шест месеци по каснувањето“. СЗО соопшти дека лајшманијаза спаѓа во најзанемарените тропски болести. Пред војната била држена под контрола, но од почетокот на војната целосно е запоставена, при што воените услови се идеални за ширење на оваа болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...