Персонализирани пилули според потребите на пациентот

Минатата година, FDA за првпат одобри 3D принтани апчиња да се појават на пазарот, а сега научници од National University of Singapore (NUS) развиле уште понапредна метода за изработка на вакви апчиња, која ќе ги направи уште подобри со тоа што 3D принтерот ќе може да креира повеќе медикаменти со различна формула ( за испуштање на активната супстанца ) во една пилула.



Сегашните медикаменти имаат ограничувања во производствените процеси, особено кога се работи за креирање на лекови со комплицирано дозирање. Со новата метода, овие ограничувања се елиминираат така што се принтаат пилули со повеќе компоненти/прегради, кои меѓусебно се одделени со полимер кој одлучува кој лек кога ќе биде испуштен во телото и во која доза. На пример, пилулата во форма со 5 прегради ќе му озвозможи на лекот во организмот да биде испуштен во 5 различни временски периоди. Со прилагодување на формата на полимерот во кој што е сместен лекот, тој може да се испушта во произволни временски периоди, па така на пример наместо да се пие по една капсула на секои 6 часа, целата количина на лекот ќе може да биде сместена во една 3D принтана пилула која на тој временски период ќе ја испушта потребната доза во организмот.



Поради едноставноста и ниската цена на целиот овој процес, ваквите системи можат лесно да бидат прифатени од болниците каде што пилулите ќе можат да се изработуваат „на лице место“ пред пациентите (со тоа што докторот во специјализиран компјутерски програм би ги впишувал медикаментите кои пациентот треба да ги зема, во која доза и на кој период, за потоа да се креира компјутерски модел на пилулата во која ќе бидат внесени и разделени) , а истите системи ќе можат да се применуваат и во големите фармацевтски компании.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...