„Паметни“ леќи и очила за дијабетес

Научници од POSTECH (Pohang University of Science and Technology in Korea) развиле нов начин за следење на дијабетесот и за испорачување на лекови – преку комбинација од „паметни“ леќи и специјални очила.

Оваа технологија би значела крај на секојдневното неколкукратно боцкање по прст (тестовите покажале дека концентрацијата на гликоза во солзите т.е течноста со која окото постојано се навлажнува е скоро идентична како и во крвта), како и далеку поефективен начин за третирање на очните болести предизвикани од дијабетесот, како што се дијабетската ретинопатија и глауком.



Пакетот се состои од очила кои безжично се напојуваат и комуницираат со леќата во окото во која има вградено електрично коло и систем за испуштање на лекови и која пациентот може да ја носи до еден месец. Сочивото на леќата има два силиконски слоеви од хидрогел, со електрично коло во форма на прстен на средината, кој во себе има сензор за гликоза, микро-чип, систем за испорака на лек, како и индуктивен калем за безжично напојување од очилата.

Пациентите можат да користат гласовни команди да им „заповедаат“ на очилата на чипот да му испратат сигнал за испуштање на лекот, кој се наоѓа во 10 оддели/канали, покриени со златна мембрана со електроди. Кога сигналот ќе биде испратен од чипот, електричниот набој ја растопува мембрана и дозата лек се ослободува.

Научниците велат дека во иднина овој процес ќе биде автоматизиран, бидејќи контролниот чип во очилата сам ќе решава кога лекот е потребно да се ослободи. Тие исто така сметаат дека освен дијабетес, комбинацијава од леќи + очила може да се користи и за третирање на останати болести и инфекции на очите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...