Бактерии - живи хард дискови

Генетичарите Сет Шипман и Џеф Нивала биле на чело на тимот од Хардверски научници кои откриле начин како живи клетки на бактерии да претворат во микроскопски хард дискови, за во нив да внесуваат информации како што се кодови за компјутерски програми, или можеби зборови од некоја поема.

Потоа, овие живи „мемориски стикови“ ќе можат тие податоци да ги пренесат на нивното потомство, кои ќе можат да бидат прочитани од научници преку пат на генотипизација на бактериите.

Инаку, досега е веќе докажано дека во синтетички направена ДНК во лабораторија може да се впишат/енкодираат било какви податоци (во еден тест тоа била цела научна книга), но работењето со живи клетки претставува сосема друг предизвик. Шипман вели дека наместо да синтетизираат ДНК и да ја внесат во жива клетка, тие сакале да видат дали можат да ги користат природните методи да впишат информации директно во геномот на бактериската клетка, за да тие се копираат во идните нејзини генерации.

Пред овој експеримент, најголемото количество на информации кое било upload-ирано во жива клетка било 11 бита, додека Хардверските научници успеале да upload-ираат 100 бајти (што е за околу 80 пати повеќе од претходно).

За тоа да го направат, тие искористиле една реакција на имунолошкиот систем кои одредени бактерии ја имаат за да се заштитат од вирусни инфекции. Кога овие бактерии се нападнати од вируси, тие физички отсекуваат сегмент од ДНК-то на напаѓачкиот вирус и го складираат во специфичен регион на сопствениот геном. Ова им овозможува на бактериите „да запомнат“ како одреден вирус изгледа, во случај повторно да ги нападне. Оваа генетичка меморија потоа се пренесува на идните генерации на бактеријата.



Хардверскиот тим открил дека сè додека на бактеријата и претстават сегмент на генетички податоци кои личат на вирусна ДНК, таа ќе го инкорпорира во сопствениот генетички код. Тоа и го сториле со сегмент на лажна вирусна ДНК која содржела одредени податоци, кои биле „снимани“ во бактериите на начинот кој што го опишавме.

Но, тука настанувала една компликација – не сите бактерии ја примале информацијата, па така одредени делови од податоците ги снемувало. Олеснителна околност при ова е што податоците се внесувале секвенцијално, па така и доколку одредена информација фали, таа (потенцијално) може лесно ќе да се декодира (на пример доколку се пренесува одредена реченица, и да фалат некои зборови пак ќе може да се претпостави кои се тие).

Според зборовите на Шипман, овие 100 бајти кои биле демонстрирани се само почеток – некои микроорганизми имаат „место“ за над 3000 бајти податоци, а со синтетичкиот инженеринг би било можно да се дизајнираат бактерии кои би функционирале како вистински хард дискови, и би собирале огромна количина на податоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...