Слабеење со празнење на желудникот?!

Американската администрација за храна и лекови (FDA) го одобрила уредот за слабеење (претставен пред неколку години) со кој дел од содржината на желудникот може рачно да се испразни и фрли, пред да биде комплетно апсорбирана во цревата.

Наречен AspireAssist и развиен од истражувачите од Aspire Bariatrics во Пенсилванија, уредот ќе биде на располагање на селекција од пациенти кои се борат со прекумерна тежина, а се промовира како поевтина, полесна и помалку инвазивна метода од операцијата за кратење и стегање на желудникот.

AspireAssist е пренослив уред кој функционира така што хируршки ( со 15 минутна интервенција) во желудникот се инсталира цевка, чиј друг крај излегува надвор од стомакот преку специјален „приклучок“ наречен skin-port. Потоа, другиот дел од уредот се приклучува на „портот“ на стомакот, и со негово активирање се испумпува 30% од содржината од желудникот, кој потоа се испира со вода. Целиот процес трае 5 до 10 минути.

Одобрувањето е базирано на скорешните клинички тестови на 171 пациент со прекумерна тежина, кои по една година изгубиле во просек 12% од телесната тежина (во споредба со 3.6% кај тест пациентите во контролната група подложна на иста исхрана, но без апараратот).

Меѓутоа, со AspireAssist доаѓаат и големи ограничувања: храната мора да е исклучително иситнета со џвакање бидејќи уредот може да вшмукува само малечки парченца, а дел од пациентите пројавиле и симптоми почнувајќи од болки во грлото па до крварење и пневмонија, како и иритации околу надворешниот вентил на стомакот.

Цената само на уредот и консултациите во врска со режимот на исхрана (без онаа за процедурата за негово инсталирање во телото) ќе изнесува од 8 до 13 000 долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...