Пломби од биоматеријал за лечење на забите

Англиски научници развиле нов материјал кој може да се внесе во забот и да го поправи и регенерира дентинот (ткиво на забот кое ја чини неговата основна структура.)

Новиот материјал, како и пломбите, би се внесувал во забот за да се затворат просторите каде што можат да се населат бактерии и би се стврднувал со UV светлина. Но штом е внатре во забот, тој би ги „охрабрувал“ матичните клетки да се размножуваат и израснат во дентин.



Иако има многу малку детални информации како оваа техника функционира, изгледа дека се работи за нова форма на „ограничување на пулпата“ (pulp capping). Тоа е техника која стоматолозите ја користат да ја запрат денталната пулпа од изумирање – таа е една од четирите главни компоненти на еден заб, покрај забниот емајл, дентин и цемент. Површинскиот емајл е најцврстиот слој на забот, под кој што се наоѓа вториот по цврстина слој, дентинот, кој што пак го обвива и се поврзува со пулпата на забот која е составена од сврзувачки ткива и клетки наречени одонтобласти, кои се наоѓаат во центарот на забот. Тука се наоѓаат сите крвни садови и нерви и е од исклучителна важност таа да не се оштети.

Проблемите започнуваат кога во забот ќе се развие празнина која го нагризува емајлот, дентинот и цементот (калцифицирана супстанца која го покрива коренот на забот) и ја експонира пулпата. Доколку таа итно не се заштити, следува исклучително болниот третман за отстранување на коренот.



Моментално материјалите кои се користат во оваа процедура се калциум хидроксид или MTA (Mineral trioxide aggregate), и тие само ја заштитуваат пулпата, но не обновуваат ниеден елемент од забот. Новиот материјал, покрај заштитата, го „тера“ забот да израсне дентин за дополнително да го заштити. Во суштина, овие пломби од биоматеријал би му овозможиле на забот самиот да се залечи.

Повеќе детали околу материјалот и студиите поврзани со него се очекуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...