Суплемент против junk food

Дебелината е растечка глобална болест од која за жал боледуваат сè повеќе и сè помлади луѓе и поради тоа многу компании работат на посебни начини таа да се победи со помош на технологија (како уреди за ишмукување на несварената храна и сл.). Против неа исто така може да се бориме и со помош на медицината, поточно со разни суплементи во исхраната.



Англиски научници веруваат дека пронашле суплемент кој селективно ја „исклучува“ желбата за „junk food”, поточно брза/нездрава храна која е богата со калории и нездрави масти, додека здравиот „нормален“ апетит не се менува од него.

Суплементот е инулин-пропионат естер, развиен од истражувачите од Imperial College London. Во тестови врз 20 доброволци, тие заклучиле дека суплементот не само што им ја намалил желбата за нездрава храна, туку и со него јаделе помали порции на храна.

Тестот вклучувал група доброволци кои пиеле милкшејк кој содржел 10 грама од инулин-пропионат естер и група кои пиеле чист инулин (контролната група). Истите потоа биле ставени на машина за магнетна резонанца и им биле покажувани разни слики од ниска и високо калорична храна. Скеновите покажале дека оние кои во себе го имале суплементот, имале помалку активност во реоните на мозокот каде што се манифестира „наградувањето“ (т.е задоволството кое ни се јавува кога би се задоволиле со таков тип на храна) и тоа само додека гледале во таквата високо калорична храна. Потоа им била дадена чинија со тестенити со сос и им било кажано да изедат колку што сакаат – групата која била под влијание на суплементот изела 10% помалку отколку контролната група.

Суплементот е базиран на молекулот пропионат произведен од бактеријата во стомакот која му кажува на мозокот кога имаме доволно изедено. Со модификација на „обичниот“ инулин да содржи пропионат, стомачните бактерии произведуваат 2.5 пати повеќе пропионат, што како резултат ја намалува мозочната активност во реоните асоцирани со „наградата“ откога ќе изедеме одредена храна што сме ја посакувале.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...