Пред да се одлучите за ласерско отстранување на диоптријата

Ако се прашувате дали летниот период е погоден за ласерско отстранување на диоптријата, тогаш ние ќе ви помогнеме. Многумина се двоумат за овој потфат, затоа ви преставуваме сè она што треба да го знаете и се надеваме дека ќе го решиме вашиот проблем.



Дури и летниот период е погоден за оваа операција. Сепак, ваше е да одлучите дали тоа ќе направите за време на летниот одмор или додека работите, бидејќи сепак треба да земете два до три дена болување.

- Ако одите на море, од операцијата треба да поминат две недели за потоа безгрижно да може да се релаксирате и да пливате. На заштитниот слој на рожницата кој се формира за време на операцијата му треба време за да зарасне и да се стабилизира сувоста на окото, која се јавува по операцијата. Значи, летото е вистинско време за да се ослободите од очилата или контактните леќи, советува д-р Надежда Билиќ од приватната болница Bilic Vision во Хрватска.



Ласерското отстранување на диоптрија се извршува на пациенти над 18 до 20 години, бидејќи треба окото да е целосно развиено. Исто така оние кои имаат кратковидност до -10, далековидост до +6 и астигматизам до 4 диоптрија на здраво око со адекватна дебелина на рожницата се добри кандидати за оваа операција.

- Овој вид на операција го направиле 45 милиони луѓе во светот, а во последните 25 години не се забележани некои сериозни последици. Многу луѓе се одлучуваат цел живот да носат леќи или очила бидејќи се плашат од операцијата. Сепак, многу подобар избор е ласерската корекција која ќе ви го реши проблемот многу брзо, додава д-р Билиќ.

Многумина се прашуваат дали диоптријата ќе се врати ако се оперираат.



- Ако се работи за кратковидност -8 или повеќе или далековидост +5 или +6, а астигматизам 4 до 5 диоптрија, голема е веројатноста дека еден мал дел од диоптријата ќе се врати по година дена од операцијата. Решението е, ако постои доволно преостанато ткиво на рожницата, повторно да се тргне диоптријата. Ако тоа не е случај, пациентот може да продолжи да носи очила или леќи ако му се неопходни. Сепак ова ретко се случува, завршува д-р Билиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...