Депресијата болест на 21 век

Расте зачестеноста на депресијата во последниве неколку децении таа галопира со забрзано темпо.

Според СЗО преваленцијата на депресивните растројства се движи од 6 до 12%. Двапати е почеста кај женскиот пол во однос на машкиот. Во 2020 година депресивните растројства по инциденција и преваленција ќе дојдат од четврто на второ место, веднаш зад кардиоваскуларните заболувања.



Депресивното растројство е резултат на сложени интеракции меѓу биолошките, психолошките и социјалните причинители.

Депресивните растројства се болести кои спаѓаат во групата на (афективни) растројства на расположението, кај кои основната промена е во расположението кое не е во согласност со објективните околности и имаат тенденција за рекурентност.

Депресијата не е минливо чувство на нерасположение, таа е болест која значајно го нарушува секојдневниот живот.

Денес депресијата е раширена и помеѓу луѓето со соматски, невролошки, кардиоваскуларни и малигни заболувања. Тоа се заболувања каде што се менува целокупниот начин на дотогашното живеење, физичката активност, работоспособноста и социјалниот круг на активности и релации кој се променил во текот на болеста.

Главни симптоми на депресијата се:

  • намалено расположение,
  • губење на интересирањето и задоволството,
  • намалување на психичката и физичката енергија и активности
  • и умствен и телесен замор.

Споредни симптоми на депресијата се:

  • намалување на вниманието и концентрацијата,
  • намалување на самодовербата и самопочитувањето,
  • чувство на кривица и на безвредност
  • песимистички поглед на иднината,
  • идеи за самоповредување и за самоубиство,
  • растроен сон и
  • променет апетит.

Од депресивни растројства почесто заболуваат лица кои се генетски предиспонирани и лица кои се наоѓаат под долготраен и хроничен стрес.

Посебно се погодени жените во постнатален период, жени во период на рана зрелост и средни години, разведени, самци, невработени, личности кои боледуваат од хронични и долготрајни соматски болести, зависници од алкохол, лекови и дроги, постоење на хронична болка .

Намаленото расположение чувството на тага и празнина варира од ден на ден, а има и тенденција кон дневни варијации. Клиничката слика покажува индивидуални варијации и атипични презентации, особено во период на адолесценција. Во некои случаи анксиозноста, вознемиреноста и моторната агитација може да доминираат и над депресивната симптоматологија или пак депресивното расположение да биде маскирано со неспецифични недепресивни симптоми, како што е иритабилноста, екцесивната употреба на алкохол, хистеричното однесување, опсесивно-фобичните содржини и хипохондриските преокупации.

Поединечни депресивни епизоди од било која тежина можат да бидат декланширани од одредени стресни ситуации кои ја погодуваат емотивната сфера на субјектот.

Симптомите предизвикуваат значајни пречки во секојдневните социјални и професионални активности. До колку не се лечи симптоматологијата се продлабочува и функционалноста на личноста се намалува.

Изборот на психофармакотерапијата е според проценката на докторот, а во зависност на феноменологијата, етиопатогенезата и од времетраење на болеста. Вобичаено тоа се со лекови од групата на SSRI комбинирани со психотерапија.

Д-р Ирена Најдоска
спец.психијатар
neuromedica.com.mk



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...