Паметен хируршки конец за дијагностицирање

Инженерите од Tufts University во САД развиле „паметен“ хируршки конец кој може да пренесува дијагностички податоци за пациентот до докторите, откога раната ќе биде сошиена со него.



Директорот на лабораторијата во одделот за електричен и компјутерски инженеринг на овој универзитет тврди дека способноста да се сошие дијагностички уред во облик на конец директно во ткивото или органот кој треба да се набљудува е уникатна функција која ја немаат останатите флексибилни дијагностички платформи. Според него, уредите од овој тип можат потенцијално да се користат за хируршки инпланти, паметни фластери или интегрирани во текстил или други ткаенини, со кои би се изработувале персонализирани монитори на здравјето на пациентите/корисниците.

Материјалите од кои што се изработуваат овие конци се различни – од обичен памук па до софистицирана синтетика, а во себе содржат сензори, електроника и микрофлуиди со нано-големина.

Конците ги собираат податоците за здравјето на ткивото како што се притисокот, стресот, оптоварувањето, температурата, како и нивото на pH и гликоза, кои се користат за да се процени како раната заздравува, дали постои опасност од инфекција и дали хемијата на телото е избалансирана. За да се анализираат, овие податоци безжично се пренесуваат до смартфон или компјутер.

Досега, ова било возможно само со закачување на уреди за мониторинг на дводимензионални површини, т.е на рамни површини како кожата за разлика од конецот кој навлегува и внатре во ткивото/органите, т.е во тродимензионална површина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...