Доктор на стоматологија
Д-р Билјана Затаракоска Петровска

Заблуди и грешки: Орална хигиена кај децата

Негата на детските заби започнува веќе со никнување на првите бебешки запчиња, а улогата на родителите во смисла на информираност и формирање на правилни навики во исхраната и хигиената се од клучно значење. Сите светски трендови од оваа област се насочени кон превентива на забните заболувања, а со тоа овозможувајќи му на детето со насмевка да доаѓа кај стоматолог, не подложувајќи се на покомплицирани процедури.



Меѓутоа, некои заблуди и грешки се уште присутни, па еве неколку совети како да ги исправиме.

1. Млечните заби нема потреба да се поправаат

Кариесот често се јавува веќе од втората година, па и порано, а притоа погрешно е мислењето дека нема потреба да се санираат бидејќи млечните заби посекако ќе испаднат во периодот на физиолошка смена на забите.

Важно е да се знае дека првите заби учествуваат во развојот на говорот, одгризување на храната и се дел од естетскиот изглед на детето при што имаат голем удел во периодот на социјализација и психолошко осамостојување преку дружењето со другите деца.

Предвременото губење на млечните заби доведува до неправилности во загризот на детето и потреба од исправување на истиот со ортодонтски апаратчиња.

Нелечените млечни заби се извор на хронични инфекции, а истовремено може и да го оштетат зачетокот на трајниот заб кој е во фаза на формирање, а се наоѓа непосредно над млечното запче.

2. Детето само си ги мие забите

Фината моторика која е потребна да се развие за детето само да може детално да си ги измие забите се развива се до 7 – 8 ма година. Значи во претходниот период, тука се родителите кои преку игра треба да го прават тоа заедно со своите деца, а притоа на крај секогаш проверувајќи како се измиени запчињата. Како што дечињата со тек на времето учат како да користат прибор за ручање, сами да се облекуваат и сл, со помош на родителите ќе ја научат и оваа техника. За почеток, доволно е миење на запчињата наутро и навечер, со паста и четкичка прилагодена на возраста, а кај постарите деца добро е миењето да се практикува после секој оброк доколку се во можност. Кога се во прашање првите запчиња, чистењето се врши со газичка намотана околу прстот на родителот, и на тој начин се чистат запчињата. Важно е детето да стекне навика за миење на заби пред да изникнат трајните.



3. Консумирање на слатки

Познато е дека чоколатцата и др слатки продукти се причинител на забен кариес, но тоа на што треба да се внимава е фрекфенцијата, т.е честотата на внесување на истите во текот на денот, со што континуирано им дотураме храна на бактериите кои го предизвикуваат забниот кариес, разложувајќи ги јаглените хидрати и создавајќи киселини кои ја разложуваат забната глеѓ и предизвикуваат кариес. Поради тоа треба да се избегнуваат карамелите, бомбоните, чоколатцата меѓу оброците, а да се потенцира цврста и абразивна храна како што е свежото овошје и зеленчук - јаболка, морков и сл, кои се чистачи на запчињата.

4. Долготрајна изложеност на запчињата на напитоци со јаглени хидрати

Исто така значаен фактор во настанувањето на кариес е долготрајноста на внесување на јаглехидрати во континуиран период во текот на денот. Ваквите навики доведуваат до настанување на циркуларен кариес кој со голема брзина ги зафаќа сите предни заби, претставува естетски проблем, извор на болка и озбилни компликации за детето.



5. Ќе одиме на стоматолог кога ќе има потреба од тоа, или пак, Ако не си добар ќе те носам на заболекар!

Првата посета на стоматолог е најидеално ако биде уште детето пред да наполни 2 години. Неопходно е разговорите на тема стоматолошки интервенции во детско опкружување да бидат афирмативни, и никако да не служат како закана при дисциплинирањето на децата. Детето треба да го прифати одењето на стоматолог како превентивна постапка, метод за одржување на здравјето на забите, а не да го доживува како извор на болка и непријатности. Запамтите, нити едно дете не се раѓа со страв од стоматолог. Наредниот чекор е стоматологот да биде трпелив со детето, да го запознае со својата ординација, да одговори на сите прашања од родителите и да се дадат совети за правилно одржување на оралната хигиена на нивното дете. Контроли треба да се обавуваат на секои 6 месеци.

Извор: НЕУРОМЕДИКА

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...