Болест што ја имате, но сè уште не знаете

Болките во прстите и отоците, честопати се прв знак што упатува на артритис, болест карактеристична за постарите луѓе.

Сепак, во последните неколку години лекарите забележуваат слични симптоми и кај младите луѓе. Новото заболување се нарекува текститис и ги напаѓа сите оние кои премногу ги користат мобилните телефони и таблетите.

Терминот е модерна кованица на американскиот хирург Марк Чиаглиа, кој забележал дека сè поголем број од неговите пациенти се млади луѓе. Денес има се повеќе луѓе кои имаат проблем со дланките, а се на возраст под 40 години.

-Играњето на видео игри и претераната употреба на компјутерите, паметните телефони и таблетите ќе ги потроши зглобовите пред вообичаеното настанување на такви проблеми, објаснува тој.

Со него се согласува британската физиотерапевтка, Семи Марго.

-Гледам сè повеќе луѓе со такви проблеми, а тоа е само врв на ледениот брег. Децата кои сега завршуваат училиште се прва генерација која порасна со екрани на допир, па се плашам дека тука лежи темпирана бомба. Нашите палци се дизајнирани за создавање и држење на нешта, а на за изведување на мали постојани репетитивни движења какви што правиме додека работиме со мобилните телефони.

Претераното користење може да предизвика два типа на проблеми. Првиот е претерана употреба на тетивата која оди од палецот до подлактицата. Вториот проблем е преголемо оптеретување на зглобот во базата на палецот кое предизвикува чувство на крцкање и изместување.

Освен овие два проблема се јавуваат и болки во малиот прст кои се почести во левата рака, како резултат на држење на таблетот или паметниот телефон.

Најдобрата превенција е правењето паузи додека пишувате и редовно истегање на зглобовите на прстите. Освен тоа треба да изберете уред со поголеми копчиња, да пишувате пократки пораки или да користите софтвер кој ќе пишува наместо вас додека вие му диктирате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...