ВНИМАВАЈТЕ

Тивки симптоми за тумор на мозок

Туморот на мозок зафаќа помалку од 1% од светската популација. Сепак, покрај овие добри вести, лошите се дека се јавува со многу малку симптоми, кои изгледаат како да се работи за обична состојба на главоболка или умор.

Прочитајте ги следните тајни знаци, односно симптоми на тумор на мозокот со цел да разграничете дали е време да го посетите вашиот лекар.



Постојани главоболки

Дури и на докторите им е тешко да ја откријат разликата помеѓу главоболка предизвикана од тумор на мозок и оние главоболки кои се јавуваат поради други причини.

- Најдобар индикатор е секојдневната главоболка, која изгледа како никогаш нема да помине. Овој вид на главоболка станува сè полоша со тек на време и најчесто е присутна уште со самото отворање на очите наутро и трае со часови. Оваа болка може да варира во зависност од големината на туморот, смета д-р Мајк Чен, неврохирург.

Сепак, не постои ниту еден вид на главоболка која ќе утврди дали некоја личност има мозочен тумор.

Намалување на видот

Пациентите кои се соочуваат со намалување на видот, не ни помислуваат дека можеби станува збор за симптом на мозочен тумор. Можеби не ја ни забележуваат оваа промена, се додека не се случат судирања со некои предмети, луѓе, па дури и сообраќајни несреќи.

Пелтечење за време на зборување

- Проблемите за време на говорењето, како што се пелтечење, разбирање на мислите или потешкотија при именување на предмети се клучните симптоми за тумор во фронталниот или темпоралните делови на мозокот поврзани со моторните функции за говор и разбирање на јазик, вели д-р Кристофер Каруба, директор во Медицинско училиште во Америка.

Постојат два центри за зборување во мозокот кои се лоцирани на левата страна, кои треба да ги активираат мускулите за да создадат звук.

- Кога туморот е присутен, двете способности се извршуваат со значителни потешкотии.

Нерасположеност и ризично однесување

- Кај пациентите кои патат од тумор на мозок може да се појави депресија, лутина или нервоза, дури и ако не ги прикажуваат добро овие емоции. Ова е поврзано со делот во мозокот одговорен за многу лични карактеристики, објаснува д-р Самет Ведера, невролог на универзитетот во Калифорнија.

Пациентите може да покажат нервозни и ризични однесувања, нагласени сексуални потреби или намалување на чувството за непријатност.

Губење на слухот и ѕвонење во уши



Задниот дел на кортексот е одговорен за процесирање на способноста да слушаме и да го разбираме јазикот при конверзација.

- Ако се соочувате со намален вид на едното уво или константно ѕвонење на ушите, познато како тинитус, најверојатно ќе треба да извршите преглед кај лекар, за да утврди дали вашите симптоми се доволно сериозни за да посетите невролог, додава д-р Каруба.

Неплодност

Мозокот контролира речиси сè во нашето тело, вклучувајќи ги и хормоните.

- Мозокот има едно продолжение познато како хипофизна жлезда, лоцирана во мозокот. Туморот ја опфаќа и оваа жлезда која може да формира високо количество на хормони или може да ја запре работата на жлездата, советуваат невролозите.

Токму поради ова, многу жени кои патат од тумор на мозок не се во состојба да зачнат или да продуцираат млеко по породување.

Губење на рамнотежа

Еден од многуте делови каде што мозочните клетки имаат витална улога во моторните функции е токму рамнотежата. Ако забележете дека се движите отежнато, особено во темница и се навалувате на една страна, ова може да биде знак за тумор во мозокот, односно во делот на мозокот одговорен за рамнотежа и координација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...