Прва таблета за астма по 20 години

Првата таблета за астма развиена после две декади е наречена Fevipiprant и моментално ја завршува третата фаза од клиничките испитувања. Таа не само што инстантно им ги олеснува симптомите на пациентите, туку почнува и да ја поправа оштетената слузница од нивните дишни патишта.



Таблетата се зема два пати дневно, а ја редуцирала воспаленоста на дишните патишта за 80% кај пациентите со умерени до тешки случаи на астма.

Испитувањата вклучувале 61 учесници, поделени во две групи. На едната група и биле давани 225mg од лекот, два пати дневно во период од 12 недели, додека на другата група им бил даван плацебо „лек“. И двете групи паралелно со тоа ја земале и веќе постоечката терапија за астма која што им била препишана.



Ефектите на лекот биле тестирани преку серија на тестови со дишење, земање на примероци од ткивото на дишните патишта, како и скенирање на белите дробови со компјутерска томографија. Но, една од главните цели на ова истражување било да се набљудуваат ефектите на Fevipiprant врз воспаленоста на дишните патишта, која што се мери преку бројот на еозинофили во плунката, а се одредува според нивото на специфичен тип на бели крвни клетки кои се асоцирани со болеста, и чија бројка се зголемува како што состојбата на пациентот се влошува. Кај луѓето кои немаат астма, бројот на еозинофили во плунката е помал од 1%, додека кај оние со умерени до тешки случаи на астма, тој изнесува околу 5%.

Следното испитување ќе биде врз 850 пациенти, а резултатите од него се очекуваат во 2018-та, што значи дека доколку сè оди по планот, има шанси Fevipiprant да се појави на пазарот во наредните 2 до 3 години. Со овој лек, болните од астма веќе ќе немаат потреба од користење на инхалатори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...