Терапија за проодување на инвалиди

Научници и инженери на чело со неврологот Miguel A. Nicolelis од Duke University вршеле истражувања врз група на пациенти со повреди на ‘рбетниот столб користејќи мозочен компјутерски интерфејс поврзан (BCI – Brain Computer Interface) во комбинација со Occulus Rift уредот за виртуелна реалност и роботски егзоскелет, при што тие накратко ја повратиле способноста доброволно да ги движат мускулите на нозете и да чувствуваат допир и болка во нивните парализирани екстремитети.



Студијата е резултат на 12 месечен тренинг и е прв долгорочен BCI експеримент со кој се покажува значително опоравување од сериозни повреди.

Централен уред за терапиите бил неинвазивниот мозочен компјутерски интерфејс базиран на електроенцефалограм, преку кој што се набљудувале сигналите кои мозоците на пациентите ги испраќале. За време на вежбите кои се изведувале во виртуелната реалност, на нив им било кажано да замислат како чекорат низ виртуелната сцена. Во почетокот, ЕЕГ-то не забележувало никакви мозочни сигнали поврзани со одење, но по неколкумесечен тренинг, сигналите почнале да се појавуваат. Во основа, тренингот повторно го внел чувството за присуство на долните екстремитети во мозокот на пациентите, кој ги имал „заборавено“ поради нивното некористење.

Тренингот бил потпомогнат и од тактилен систем за повратни информации – на секоја рака, субјектите носеле ракави со вибратори со големина на монета, кои произведувале тактилен сигнал со секој чекор, чиј интензитет варирал во зависност дали виртуелно се чекорело на трева, песок или некоја друга подлога.

Пациентите постепено почнувале да се движат и во реалниот свет, асистирани од роботски егзоскелети направени од компаниите Lokomat и Aertech

На прес конференција, Nicoleilis изјавил дека кога почнало, целта на ова истражување не било да се излечи парализата, туку да се креира нов протетски уред за подвижност на долните екстремитети, но со тек на времето било увидено дека кај пациентите се подобрувале и нивните невролошки информации.

Резултатите кои се сега објавени се однесуваат на студијата каде терапиите траеле 12 месеци врз пациенти кои биле парализирани помеѓу 3 и 14 години, а во план е креирање на нова во која што ќе учествуваат пациенти чии повреди на ‘рбетниот столб ќе бидат по скорешни, за да се види дали третманот ќе води до побрзи и подобри резултати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...