ФРОНТОВИТЕ КАДЕ ШТО ЈА ГУБИМЕ БИТКАТА

Дијабетесот на долги патеки

Во минатото научниците се трудеа да си ги објаснат начините на кои настанува дијабетесот, метаболните промени кои се клучни настани кај болеста како и тоа како да се справат со болеста и нејзините компликации, не можевме ни да претпoставиме дека наскоро ќе се соочиме со вистинска епидемија на дијабетес. Нема да погрешиме ако кажеме дека 21 век меѓу другото е ера во која дијабетесот е во подем и дека навистина се соочуваме со епидемија која според епидемиолошките студии и прогнози нема намера да стивне, туку напротив проекциите за заболени од дијабетес до 2020 се далеку поголеми од онаа бројка со која се соочуваме денес. Фрапантен е податокот според кој се смета дека до 2020 дури половина од американското население ќе се соочат со дијабетесот.



Изминатите години донесоа многу сознанија во поглед на тоа како настанува дијабетесот, кои се најчестите компликации и како и зашто настануваат истите. Денеска дијабетесот се лекува со инсулин односно таблетарна терапија во зависност од типот на дијабетесот. Но, факт е дека хигиено-диететскиот режим и водењето на здрав живот и начин на исхрана има пресудна улога во третманот на дијабетесот и спречување на настанување на бројните компликации од дијабетесот. Покрај придржувањето кон терапијата, редовните контроли, не се помалку важни како и специјалните програми и едукациони центри ширум светот со кои стручните лица се обидуваат да го едуцираат населението, да ги охрабрат болните да применуваат здрав начин на живот и се разбира да ги спречат компликациите кои со себе ги носи дијабетесот што всушност имаат за цел да им помогнат на болните да научат да живеат со дијабетесот.

Дијабетесот е заболување на метаболизмот.

Дијабетот не е заболување каде што е нарушено исклучиво нивото на гликозата во крвта, туку претставува болест на метаболизмот каде што како резултат на недостаток на инсулин се нарушува првично нивото на глукоза, но исто така засегнат е метаболизмот на мастите и протеините. Всушност намаленото или отсутно лачење на инсулин од страна на бета клетките на панкреасот (кај дијабетес тип 1) и суб нормалното лачење на инсулин меѓутоа и неосетливоста на ткивата на излачениот инсулин кај заболените од дијабетес тип 2 се основните причини за да настане хипергликемијата односно зголемената концентрација на глукоза во крвта. Во нормални ситуации инсулинот е кавалерот кој и ја отвора вратата на глукозата за таа да навлезе во секоја клетка на организмот и да биде искористена за добивање на енергија. Но, абнормалната секреција на инсулин носи и пореметување во метаболизмот на мастите така што речиси редовно дијабетичарите имаат и зголемено ниво на масти во крвата (хиперлипидемија) односно зголемување на нивото на холестеролот, пред се ЛДЛ (оној лошиот) и зголемување на триглицеридите што претставува првата алка во синџирот на оштетувањето на крвните садови. Помалку е засегнат протеинскиот метаболизам. Овие базични пореметувања на метаболизмот доведуваат до сериозна предиспозиција односно склоност за оштетувања на крвните садови. Оштетувањето на крвните садови и прераната појава на атеросклеротични промени кои го стеснуваат луменот на крвниот сад и ја нарушуваат неговата проодност како и стимулацијата на клеточна пролиферација и задебелување на самиот ѕид на крвниот сад доведуваат до најсериозните компликации по долгогодишно живеење со дијабетес. Така промените на ниво на малите крвни садови се одразуваат со сериозни и неповратни оштетувања на бубрезите, срцето, окото, нервите и екстремитетите. Всушност оштетувањата на микроциркулацијата се основен причинител за лош крвен проток во органите и се разбира како резултат на тоа и нивна лоша функција, па оттука може да кажеме дека тоа се фронтовите на кои дијабетесот тивко, полека, но сигурно ја добива битката.



Бубрезите под лупа

Кај пациентите со долгогодишна историја на дијабет далеку најчесто страдаат бубрезите. Тоа се очекува кај секој пациент кој боледува од дијабетес повеќе од 10 години. Како резултат на промените на ситните крвни садови низ кои би требало да се филтрира крвта се јавуваат трајни оштетувања кои го нарушуваат протокот на крв низ бубрезите и создавањето на урината така што кај дијабетичарите може да се најде лесна или средно изразена влошена бубрежна функција која ќе може да се детектира со појава на протеини во урината или таканаречената микроалбуминурија односно протеинурија. Протеинуријата откриена кај дијабетичар е сериозен показател дека бубрезите страдаат. Нелекуваните, недијагностицираните или пак оние кои не се придржуваат кон режимите на терапија завршуваат како лица со хронична бубрежна слабост како резултат на дијабетесот и се разбира стануваат кандидати за хронична хемодијалза. Затоа редовниот рутински контролен преглед на урината кај пациентите со дијабет е начинот на кој ќе ги држиме бубрезите под лупа.

Дијабетот крадец на вашиот вид



Не поретко и не помалку значајни се и промените што се слушуваат во окото. Пациентите со дијабетес може да имаат различни симптоми односно потешкотии со видот и тоа: нејасно гледање, стеснување на видното поле, губење на јасниот вид, па се до тотално слепило како резултат на промените во малите крвни садови на ретината односно на очниот нерв. Диајбетичарите заболуваат и од катаракта, но и од глауком (зголемен очен притисок) и сето ова се доволно сериозни состојби кои ја прават шеќерната боелст една од водечките причини за слепило во светот. За нештата да не отидат предалеку се препорачува редовен офталмолошки преглед, добра контрола на дијабетесот со редовно земање на терапијата, правилна исхрана и практикување на здрави животни навики.

Крвните садови се на удар



Бидејќи со промени се зафатени речиси сите крвни садови, срцето е уште еден од фронтовите каде многу често ја губиме битката. Несомнено е јасно дека шеќерната болест претставува ризик фактор за јавување на коронарна исхемиска болест односно за јавување на миокарден инфаркт. Всушност заради нерегулираниот дијабетес и зголеменото ниво на масти во крвта доаѓа до рано создавање на атеросклеротични плаки во крвните садови кои го исхрануваат срцето. Стеснувањето на крвните садови на срцето води до неадекватен проток на крв низ коронарните крвни садови, а со напредувањето на атеросклеротичниот процес и до комплетно запушување на крвните садови и настанување на срцев удар. Покрај тоа страдаат и периферните крвни садови па така се јавуваат трофички промени на кожата на горните и почесто на долните екстремитети. Пациентите се жалат на студенило, намалена влакнавост по нозете и рацете, кршливост и промена на ноктите, бледило и намалено потење како и тешко осетлив пулс на екстремитетите и се разбира во крајниот стадиум се јавуваат и гангренозни промени кои се апсолутна индикација за ампутација на екстремитетот која не претставува само физичка туку и психичка траума за секој човек. Промените на ниво на нервите се должат на лошото исхранување на нервите заради промени во локалната циркулација што води кон појава на дијабетична невропатија. Дијабетичната невропатија може да се манифестира како со променет сензибилитет на кожата и тоа најчесто на долните екстремитети и стапалата, чувство на студенило на долните екстремитети во вид на чорапи, трнење, жарење и печење на табаните на нозете се до појава на улкусни промени на кожата што се познати како дијабетично стапало. Исто така како резултат на оштетувањето на нервните клетки може да се забележат и потешкотии во варењето на храната и нејзиниот транзит низ дигестивниот систем со чувство на исполнетост и нелагодност во стомакот што се основни симптоми на автономната дијабетична невропатија.

Водењето здрав живот е повеќе од важно

Сите овие компликации кои на долги стази ги прави дијабетесот сериозно го загрозуваат животот на човекот и не само што го зголемуваат морталитетот и го скратуваат животниот век туку и се причини за намалување на квалитетот на животот на луѓето и во периодот додека тие се соочуваат со својата болест. Тому затоа треба да се трудиме да ја зголемиме свеста дека овие компликации иако не може комплетно да се запрат тие секако дека може да се минимизираат или барем одложат.

За да можеме да ги одложиме или намалиме потребно е правилно да ја лекуваме болеста, а пациентите редовно да прават рутински контроли на гликемијата со глукометар во домашни услови или пак кај својот матичен лекар, редовно да ја земаат својата терапија и она на што се повеќе му се придодава значење е начинот и стилот на живот односно промена на животните навики. Дека промената на животните навики и водењето на здрав живот влијае на болеста потврдува една американска студија во која луѓето кои како група на испитаници биле ставени на едногодишен режим на исхрана која е сиромашна со јаглехидрати и масти и секојдневен режим на блага физичка активност, а притоа консумацијата на храна била намалена и количински покажува дека битно се намалила телесната тежина за околу 8,6% од почетната, а со тоа и нивото на глукозата, и компликациите од болеста. Овие охрабрувачки податоци треба да бидат причина повеќе пациентите кои боледуваат од дијабетес и понатаму да продолжат да се борат со болеста затоа што битно можат да ги минимизираат ефектите од нејзиното постоење и покрај фактот дека дијабетесот на долги патеки е непобедлив. Како здравствени лица наше е да делуваме едукативно, превентивно и куративно и секако пациентите во нас да гледаат сериозна поддршка, но пациентот е тој кој има потреба од промена на животните навики додека неуморно и секојдневно ја води битката и учи да живее со дијабетесот.

Извор: НЕУРОМЕДИКА



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...