Протетика за пациенти со разни форми на деменција

Стартап компанијата Kernel е на пат да развие простетика за мозок која треба да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со помнењето. Целната група ги вклучува оние кои боледуваат од Алцхајмеровата болест и останати форми на деменција, како и на жртвите на мозочен удар или оние со трауматски повреди на мозокот.



Доколку компанијата успее, хирурзите еден ден ќе можат да го имплантираат нивниот уред во регионот на мозокот познат како хипокампус. Таму, неговите електроди електрично ќе стимулираат одредени неврони за да им помогнат при вршење на нивната функција – претворање на информациите во долгорочни мемории.

Kernel-овиот уред ќе биде базиран на истражувачките напори на Ted Berger, директор на центарот за неврално инженерство од University of Southern California. Според неговите истражувања, при процесот на учење на нови работи и нивно енкодирање во меморијата, електродите во хипокампусот први ги примаат електричните сигнали од одредени неврони. Тој студирал како овие сигнали се асоцирани со учењето и како се трансформираат во сигнали асоцирани со складирање на тие информации во долгорочната меморија, а потоа неговата лабораторија изработила математички модели кои примале влезни сигнали (учење) и произведувале излезни (меморирање).

Протетиката би имала електроди за снимање на сигналите за време на фазата на учење, микропроцесор кој би ги вршел пресметувањта и електроди кои би ги стимулирале невроните да ја претворат таа информација во меморија.

Тестирања биле вршени врз глувци, но и врз одредени пациенти хоспитализирани поради епилепсија, со различни резултати. Кај глувците, истражувачите во меморијата пронашле значаен „заеднички код“, но ништо слично не било пронајдено кај луѓето. Една од причините за тоа е што глувците имаат околу 200 милиони неврони, додека таа бројка кај луѓето изнесува околу 86 билиони. Затоа, наредна цел е да се развијат импланти со поголем број на погусто распоредени електроди, кои би можеле да снимаат информации од повеќе неврони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...