Нанороботи за испуштање лекови контролирани со мисли

Во медицината е вистински предизвик да се создадат лекови кои би се испорачувале точно онаму каде што треба и кога треба, бидејќи повеќето преку крвотокот се разнесуваат насекаде и нивните несакани ефекти ги чувствуваме уште подолго време.

За да го решат овој проблем, тим израелски научници од Interdisciplinary Center во Herzliya и Bar Ilan University во Ramat Gan, создале систем за испорака на лекови кој дозволува прецизна контрола на тоа кога лекот е активен во телото.



Тимот изработил нанороботи од ДНК во форма на школки, во кои е внесен лекот. Овие роботи имаат специјални „порти“, кои се „заклучани“ со наночестички од железен оксид, а се „отклучуваат“ кога се загреани со електромагнетна енергија, притоа испуштајќи го лекот. Во овој случај, „клучот“ го претставува мозочната активност, т.е човечките мисли.

За да ДНК-то реагира на човечките мисли, тимот создал компјутерски алгоритам кој ја препознава разликата помеѓу мозочната активност на некој кој што одмара, и на некој кој прави ментална аритметика .

Вака испрограмираните нанороботи во кои бил внесен флуоресцентниот лек биле вбризгани во лебарка поставена во електромагнетна намотка, а на личноста која носела EEG капа која ја мери мозочната активност и било кажано да одмара, или да прави ментални пресметки. Капата била поврзана со намотката, и ја вклучувала секогаш кога личноста правела пресметки, а ја исклучувала кога одмарала.

Со анализирање на флуоресцентноста внатре во лебарките, тимот заклучил дека лекот се испуштал секогаш кога тој процес бил активиран со мисли, т.е со пресметките.

Алгоритмот може да биде променет да препознава разни типови на мозочна активност, па така лековите би можеле превентивно да се активираат пред насилна шизофренична епизода или епилептичен напад. Оваа технологија би ги минимизирала несаканите ефекти на лековите бидејќи тие ќе таргетираат специфични клетки во телото, занемарувајќи ги другите – ова би можело да се постигне со закачување на молекули на површината на роботите кои би се спојувале со специфични рецептори на површината на специфични типови на клетки.



За да оваа технологија се користи кај луѓето, ќе треба да се изнајде преносен метод за мерење на мозочната активност, нешто како мал EEG уред сличен на слушните уреди кој би давал сигнал на смарт-часовникот да креира електромагнетно поле со чија помош лекот би се ослободил во телото.

Ваква технологија би можела да се користи и за сосема банални работи, како на пример апчиња со алкохол, чија доза и време на испуштање би можела да се контролира со мисли, па така испуштањето ќе може да го запрете кога ќе почуствувате дека сте доволно „потфатени“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...