РАЗМИСЛЕТЕ ЗА СЕРИОЗНОСТА

Во кои ситуации мора да повикате Брза помош?

Често, во паника, многумина повикуваат Брза помош или ја посетуваат соодветната установа, иако не се работи за итен случај, туку за проблем кој може да го реши и нивниот лекар. За да не ве фаќа паника и да се прашувате во кои моменти да повикате лекарска помош, погледнете ги следните пет случаи во кои мора да го свртете бројот 194 со цел да си помогнете себеси или на оние до вас.

Чувствувате тапа болка во градите и немате воздух



Тапата болка во градниот кош може да биде симптом на срцев удар. Но, кај инфарктот се појавуваат и низа други симптоми, како што е недостаток од воздух, болка во грбот, мачнини и непријатно чувство во двете раце.

Исто така, симптомите може да се прошират и на вратот, рамената и на вилицата. Пред да почнете да паничете, што само ќе ја влоши ситуацијата, потрудете се да сфатите дали чувствувате и други симптоми. Ако не, постои можност да се работи за киселини или слични проблеми со дигестивниот тракт.

Болка во пределот на стомакот



Веројатно веднаш размислувате дали се работи за слепо црево или циста на јајниците, но овие состојби имаат различни симптоми. На пример, при слепо црево, болката најчесто се појавува кај папукот, а кај заболената личност се јавува намален апетит или чувство на непријатност при движење. Слично е и со цистата, но болката се шири од карлицата па сè до бутовите.

Болката во стомакот може да биде предизвикана поради различни причини, од лоша храна до желудочни проблеми, но ако почувствувате дека болката се зголемува поради што не можете да се движите, повикајте Брза помош.

Ја удривте главата



Зависи од силата на ударот, но многу е можно да дојде до потрес на мозокот. Првите симптоми на потрес на мозокот се вртоглавица и повраќање, а ако веднаш забележите проблеми со видот или ако изгубите рамнотежа, морате што е можно побрзо да посетите лекар. Ако до овие симптоми не дојде, во следните 12 часа, мора да се обратите на вашиот лекар.

Сте се исекле или некој ви нанел убодна рана



Мошне добро сте расположени и сте решиле да готвите, но наеднаш си правите посекотина и кујната се претвора во вистинска хорор сцена. Со оглед на количината на крвавењето, мора самите рационално да процените дали се работи за рана која треба да се сошие.

Ако е мала рана, крвавењето ќе престане набрзо, но ако е длабока или ако е отворена до тој степен што ви се гледа коската – се работи за повреда која мора да ја санира медицинско лице.

Главоболка која не можете да ја истрпите



Поголема главоболка не памтите да сте имале, а поради нејзиниот интензитет мислите дека ќе ви се распрска целата глава? Ако се работи за главоболка со голема јачина, мора да посетите лекар. Можно е да се работи за аневризма, состојба која предизвикува симптоми како што се проблеми со изговарање, гледање, голтање, па дури и движење. Овде е важно времето, па мора веднаш да реагирате!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...