Моментално, отпорноста на антибиотици е толку озбилна што Обединетите Нации ја прогласија како фундаментална закана по глобалното здравје.
Бактерии кои се отпорни на антибиотици убиваат околу 700 000 луѓе годишно, а според една скорашна студија, таа бројка може да нарасне до 10 милиони до 2050-та год. Таква бактерија е болничката супербубачка MRSA (Staphylococcus aureus), а научниците се загрижени дека наскоро и гонорејата ќе стане отпорна на сите лекови.
Shu Lam, 25 годишна студентка од University of Melbourne во Австралија, пронашла начин за справување со овие супербубачки (микроорганизми во кои спаѓаат микроби, бактерии, габички и печурки кои што се отпорни на лекови), и тоа без антибиотици.
Таа развила полимер во форма на ѕвезда кој може да убие 6 различни видови на супербубачки, преку раскинување на нивните клеточни ѕидови – процес кој предизвикува огромен стрес врз бактериите кои потоа се убиваат самите себе.
Полимерите наречени SNAPP (structurally nanoengineered antimicrobial peptide polymers) функционираат така што директно ја напаѓаат, пенетрираат во, и ја дестабилизираат клеточната мембрана на бактериите. За разлика од антибиотиците кои ги „трујат“ бактериите и кои влијаат и врз здравите клетки во нивна околина, SNAPP-овите се толку големи да воопшто не влијаат врз околните клетки, бидејќи не можат да навлезат во нив.
Oвој третман е сè уште во зачеток, бидејќи Lam ги тестирала полимерите само во лабораториски услови, и врз живи глувци. Но затоа, пак, сите експерименти биле успешни – полимерите ги уништувале таргетираните бактерии, чии неколку последователни генерации не развиле отпорност према нив.