Прв пациент излекуван од ХИВ со нова терапија?

Револуционерна терапија успеа да го елиминира ХИВ вирусот од организмот на еден Британец. Откако пациентот, кој бил ХИВ позитивен, се подложил на нова терапија, која го искоренува вирусот, тестот извршен по терапијата, покажал дека пациентот веќе нема траги од вирусот во неговата крв.



Истражувачите предупредиле дека се уште е рано да се каже дали терапијата навистина делува, но факт е дека пациентот многу напредувал. Тој бил еден од 50 луѓе кои поминале низ целиот третман, кој се состои од две фази на напади врз вирусот.

Новата терапија е единствена по тоа што го пронаоѓа и го уништува вирусот во секој дел од телото, вклучувајќи ги и латентните клетки на кои постоечките третмани не делуваат.

- Ова е еден од првите сериозни обиди на целосно елиминирање на вирусот. Се работи за навистина голем предизвик и се уште е во развивање, но напредокот е изненадувачки, изјавил Марк Самјуелс од британскиот Национален институт за истражување на здравјето.

Клиничките пробни испитувања се резултат на соработката на доктори и научници од универзитетите Oxford, Cambridge, Imperial, University of London и King’s Collage од Лондон.



ХИВ главно се пренесува преку сексуални односи или преку користење на инфицирани игли. Вирусот го ослабува имунолошкиот систем на заразените личности и ги уништува Т клетките, кои се основни во борбата против болести и инфекции.

Според наодите од Центарот за контрола и превенција на болести во САД, во светот живеат 36.7 милиони луѓе заразени со ХИВ. Досегашните третмани можат ефикасно да го контролираат вирусот, но не можат да го излечат во целост.
- Терапијата делува во лабораторија и постои добар знак дека ќе делува и врз пациентите, но мора да сме свесни дека се уште сме далеку од вистинската терапија, изјави Сара Фидлер, лекар и професор на колеџот Imperial во Лондон, додавајќи дека медицинските истражувања ќе продолжат и во следните пет години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...