Бионика контролирана со мисли

Истражувачи од Johns Hopkins Applied Physics Laboratory, креатори на модуларниот протетички екстремитет (Modular Prosthetic Limb – MPL), успеале да ги преведат мислите во движења и на тој начин да им овозможат на пациентите да ги движат вештачките раце, создавајќи ја досега најсофистицираната протеза за рака.

Таа содржи над 100 сензори кои, меѓу другото, го мерат аголот, брзината и силината на влечење, како и моќноста, вибрациите и температурните промени на вештачкиот екстремитет. Со MPL доаѓаат и специјални додатоци за негово комфорно прицврстување на телото, како и две ракавици – една работна, која е по евтина, а по робусна и издржлива, и другата е стандардна, т.е козметичка, која е исклучително реалистична во поглед на дизајнот и бојата.

Инаку, студиите на биомедицинските инженери од Bloorview Research Institute покажале дека протетички раце кои се сега на пазарот не се се премногу ефикасни, бидејќи до 75% нивни корисници одбивале да ги користат по одреден период. Повеќето од нив функционираат преку контроли развиени во 1950-тите години, и имаат полно кабли и сензори кои пречат и не се доволно интуитивни за комфорно користење.

Во 2013, компанијата Coapt претставила протетичка рака со контролен систем кој препознава нервни сигнали од преостанатите мускули на раката, а по неа биле развиени и уште неколку но ниедна не функционирала како вистинска, бидејќи во нив можеле да се испрограмираат само 6 до 8 типови на движења за секојдневна употреба, како што се посочување, стискање, правење на тупаница и сл.

Она што ја лимитира оваа технологија е комплексноста на нашето тело – кога ја мрдаме раката, во тоа се вклучени околу 500 милиони неврони. Со вештачките екстремитети, за тоа се користат само неколку стотици од нив.

Научниците се надеваат дека простетиката во иднината ќе им овозможува на луѓето да ја контролираат директно од мозокот, преку имплантирани електроди под кожата или во него, со што ќе и се овозможи на технологијата да се надминат ваквите физички недостатоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...