Откриен максималниот животен век на луѓето

Научници од медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн објавиле дека го откриле максимумот на животниот век на човекот, кој барем сега засега нема да може да се надмине. Истражувањата ги водел Јан Вијг професор по офталмологија и визуелни науки.

Користејќи податоци, меѓу други извори, и од Human Mortality Database (базата со податоци за човечката смртност) која содржи информации за популацијата на повеќе од 40 земји, истражувачите идентификувале дека максималниот животен век изнесува во просек 115 години, додека апсолутниот лимит е 125 години, што според Вијг е најдоброто што го можеме со моменталната наша биологија.

Животниот век се зголемува уште од 19-тиот век, благодарение на напредокот во јавното здравје, вакцините, исхраната, околината и сл. фактори.

Најдолгиот документиран животен век бил тој на Џин Клемент, француска жена која живеела 122 години и умрела во 1997-ма. Вијг и неговиот тим заклучиле дека можноста човекот да доживее 125 години е помалку од 1:10 000.

Понатамошниот прогрес против инфективните и хронични болести можеби ќе го продолжи животниот век, но не и максималниот. Тука „на терен“ настапува напредокот во биониката и синтетичката биологија, преку кој единствено тој „лимит“ од 125 години би можел да се продолжи (преку генетско модифицирање и сл.).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...