Потенцијален лек што може да ја поврати плодноста кај жените?

Нова студија се спротивставува на верувањето дека жените се родени со ограничен број на јајце клетки и не можат да формираат нови подоцна во животот.

Евелин Тефлер и нејзиниот тим од Универзитетот од Единбург забележале дека пациентите со рак кои го земаат хемотерапискиот лек наречен ABVD не ги имаат истите проблеми со плодноста како пациентите кои земале други лекови.

Тие решиле да ги анализираат ефектите на ABVD врз плодноста, со земање биопсија од јајниците на 11 жени дијагностицирани со Хочкинов линфом (еден вид на рак), и од 8 здрави жени. На 8 од заболените им биле даден ABVD, додека на преостанатите 3 им била дадена појака комбинација на лекови позната по тоа што предизвикува неплодност.

Истражувачите откриле дека жените третирани со ABVD имале помеѓу 2 до 4 пати поголема густина на јајце клетки во нивните јајници во споредба со здравите жени, а оние на кои им била дадена појаката комбинација на лекови имале далеку помалку. Тие исто така увиделе дека клетките на жените третирани со ABVD делувале „помладо“, и наликувале на оние кај девојки кои сè уште немаат доживеано пубертет.

Студијата сугерира дека постои шанса ABVD да ги „охрабрува“ женските јајници да создаваат нови јајце клетки, но потребни се уште подетални испитувања за да се разбере што всушност се случува.

Едно од потенцијалните објаснувања е дека јајце клетките можеби и биле во јајниците цело време, но третманот со лекот им овозможил да „испливаат“ на површината. Лекот исто така можеби предизвикува веќе постојните фоликули да се поделат на пола, со тоа зголемувајќи го бројот на јајце клетки.

Доколку се потврди дека ABVD навистина генерира нови јајце клетки, тоа би сменило скоро сè што знаеме за женската плодност. До сега, ограничениот број на расположливи јајце клетки беше главната пречка за женскиот репродуктивен систем, и причината за „биолошкиот часовник“ кај жените, а со помош на овој лек би се откриле нови третмани за неплодност и би било возможно дури и жени кои веќе поминале низ менопаузата да имаат деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...