Мозочен имплант за враќање на чувства кај парализирани луѓе

Реалистичен функционален протетичен екстремитет е поблиску до реалноста од кога и да е, благодарејќи на истражувачите од Универзитетот во Питсбург кои развиле мозочни импланти кои му овозможиле на парализиран човек да ги почувствува сензациите низ роботска рака.

Дваесет и осум годишниот Нејтан Копланд бил парализиран од градите надолу во сообраќајна несреќа во 2004-та, а во него биле вградени 4 мозочни импланти, лоцирани во регионите на мозокот одговорни за сетилата и моториката, секој со големина колку половина копче за кошула.

Според неговите зборови, тој сензациите некогаш ги чувствувал како електрични, а некогаш како притисок и тие биле многу природни. За жал, не можел да почуствува дали она што го допирал било топло или студено. Тој исто така бил способен да чувствува и кога конекторите од неговата глава биле поврзани со роботска рака, која што тој можел да ја контролира со мислите.

И покрај успехот на експериментот, одредени ризици се врзани со процедурата на инсталирање на имплантите – како на пример потенцијална инфекција на конекторите кои излегуваат надвор од скалпот. Поради тоа, нареден чекор би било тие да се елиминираат и уредите да бидат целосно безжични.

Иако е потребно да се поминат уште многу тестови врз луѓе додека оваа процедура стане достапна за сите, научниците предвидуваат дека технологијава би можела да биде имплементирана уште во наредната декада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...