Вакцина против Црната чума

„Црната Смрт“, попозната и како „Црна чума“ е смртоносна болест која збришала скоро третина од популацијата во 14-тиот век во Европа (имало 75 до 200 милиони жртви), а која од скоро пак почна да се појавува.

Случаи на заболени со чумата има во САД, Перу и Африка, а секоја година кај Светската Здравствена Организација се пријавуваат 1000 до 2000 случаи. Симптомите вклучуваат висока температура, повраќање на крв и болки во екстремитетите, а „заштитниот знак“ на болеста е отекувањето на лимфните жлезди кои се потемнети и според кој симптом го добила името.

Сега, истражувачи од медицинскиот огранок на Универзитетот во Тексас развиле потенцијална вакцина која заштитува од оваа болест.

Тим од експерти за микробиологија и имунологија ги модифицирале гените на Yersinia pestis, бактеријата одговорна за чумата, со цел да создадат послаба нишка која кога ќе се внесе во организмот, ќе му помогне да создаде имунитет на бактеријата. Биле развиени и тестирани три вакцини кои имале за цел да поттикнат имунолошки одговор во организмот на неколку животни заболени со пневмониската нишка на Y.pestis, односно најопасната форма која се пренесува преку воздухот.

На глувци им биле дадени по две дози од сите 3 вакцини, а 4 месеци по тоа биле инфицирани со пневмониската нишка од чумата. Сите вакцини се покажале како успешни и глувците ја преживеале чумата.

Ашок Чопра, професор по микробиологија и имунологија тврди дека не постоеле несакани ефекти од вакцините, а анализите покажале дека немало никакви знаци на оштетување на ткивата на вакцинираните животни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...