Атлас на сите клетки во телото

Помалку од 5 години откога со помош на Human Genome Project-от се запишаа три милијарди букви од човечката ДНК, докторите и биолозите го објавија планот детално да се мапира секоја клетка во човечкото тело, во висока дефиниција, со цел за остварување на проектот наречен “Атлас на човечките клетки“.

Поголемиот дел од нашето знаење во врска со човечките клетки доаѓа од нивното студирање под микроскоп, а некои скорешни проекти на ова поле се занимавале со анализирање на групи на клетки со цел да се одредат нивните просечни карактеристики.

Атласот ќе овозможи уште повеќе информации користејќи го напредокот на технологијата во едноклеточната генетика, т.е онаа која се занимава со истражување на секоја индивидуална клетка. Со оваа технологија, истражувачите ќе можат да ги видат деталите кои на секоја клетка и даваат уникатен идентитет (како што се RNA пораките).



Моментално, науката е лимитирана со разбирањето како клетките се разликуваат од орган до орган, а дури не се ни знае колку точно типови на клетки има човечкото тело. Новиот Атлас е почеток на нова ера на клеточното истражување и разбирање, и ќе биде клучен за откривање на тајните на сопствените тела.

Знаејќи како точно изгледа здравото човечко тело на нај базично ниво, ќе можеме подобро да ги идентификуваме и анализираме варијациите на клетките кои доаѓаат со разните болести и стареењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...