USB стик за детектирање HIV

Напредокот на технологијата постојано ги прави медицинските третмани сè поефикасни и подостапни за јавноста.

Сега, научници од Imperial College London заедно со здравствената компанија DNA Electronics развиле уред за детектирање на HIV за еднократна употреба, кој би бил од исклучителна корист особено за деловите од светот каде вакви тестови се најпотребни, а не постојат услови за да се овозможат.

Овој малечок уред го конвертира нивото на HIV од примерокот крв, во сигнал кој може да биде прочитан од компјутер или од пренослив гаџет.

Мала капка крв се става на уредот за тестирање и доколку HIV вирусот е детектиран, тој ја менува киселоста на примерокот и чип за мобилен телефон тоа го конвертира во електричен сигнал. Кога USB-то ќе се вклучи во компјутер или друг уред кој може да го чита, може да се види нивото на HIV во крвта. До резултатите се доаѓа брзо, во просек за 20 минути, а истражувачите тестирале 991 примерок од крв со 95% точност на резултатите.

Како што е познато, HIV е вирус кој предизвикува имунодефициенција и го напаѓа имунолошкиот систем, предизвикувајќи инфекции кои можат да доведат до AIDS – ова е глобален здравствен проблем од кој боледуваат околу 36.7 милиони луѓе низ целиот свет.

Моментално, HIV тестирањето за кое е потребно примерок од крвта на пациентот да се испрати во лабораторија може да трае и до повеќе од 3 дена, додека се добијат резултати. Ова претставува огромен проблем за пациентите без пристап до клиники, особено во регионите како Африка, кои имаат најголем број на луѓе инфицирани со вирусот.

Како што дијабетичарите можат со малечки апаратчиња да си ја тестираат крвта за да го проверат нивото на шеќер, овој нов уред би овозможил на оние со HIV вирусот да го следат прогресот на нивните третмани. Со ова USB, тие лесно и скоро инстантно би можеле да проверат како телото им реагира на лекувањето, и дали се потребни промени во третманот. Исто така, зголемениот број на податоци кои би се собирале како резултати од тестирањата би можеле да им помогнат на докторите подобро да го разберат функционирањето на HIV вирусот, и еден ден можеби да најдат лек за него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...