Парализирана жена повторно комуницира преку мозочен инплант

За првпат во историјата, инплант вграден во домашни, а не лабораториски услови, помогнал на парализиран пациент да комуницира без потреба од константно рекалибрирање на уредот од стручен тим.

Безжичниот инплант чита сигнали од мозочната активност и ги преведува во сигнали „читливи„ од екстерниот компјутер.

Пациентот e 48 годишна жена која боледувa од ALS (амиотрофична латерална склероза), дијагностицирана пред 8 години.

Кога првпат ги сретнала истражувачите од Мозочниот Центар од Медицинскиот центар при Универзитетот во Ултрехт , таа комуницирала со уред кој ги следел движењата на нејзините очи.

Тие во неа го вградиле овој BCI (brain-computer interface) уред кој се состои од електроди кои се поставуваат на површината на мозокот – една врз регионот кој го контролира движењето на десната рака, и друга врз регионот кој служи за броење наназад.

До сега, ваквите уреди имале ограничен успех, бидејќи комплексноста на технологијата го отежнувала нивното интегрирање во секојдневниот живот на пациентите, бидејќи тие често побарувале дневно рекалибрирање од тим на техничари. Поради тоа, новиот систем е автономен и сигурен, и може да функционира без ничија дополнителна помош.

По 6 месечен домашен тренинг, пациентката развила точност од 95% при користење на уредот – таа била способна да комуницира со спелување на зборови, па дури и играње на едноставни игри, сето тоа без да може да контролира уред за виртуелно кликање (како што бил претходниот, со движење на очите).

Ваквата технологија во иднина потенцијално би можела да ни даде натчовечки способности – контролирање на гаџети и компјутери со нашите мисли, супер-осетлив слух, можност за гледање во темница, бионички додатоци за телото кои би можеле да ги контролираме, па дури и телекинетичка контрола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...