Прво вештачко цревно ткиво со функционални нерви

Научниците се чекор поблиску до создавање на црева во лабораториски услови кои ќе можат да се трансплантираат во луѓето, а тоа ќе се изведува со плурипотентни матични клетки од кои ќе се создава цревно ткиво со сопствени функционални нерви.

Вака создаденото ткиво успешно било трансплантирано во глувци со потиснат имунолошки систем, каде што успешно се развило во функционално ткиво со карактеристики многу слични на човечкото црево.

Студијата објавена во журналот Nature Medicine е од исклучително значење за регенеративната медицина бидејќи ова е прв пат да успешно се израснати и нерви како дел од цревното ткиво. Првото 3D човечко цревно ткиво било создадено во 2010-та, но кај него не постоела било каква форма на нервен систем.

Таквиот систем е од есенцијално значење за цревното ткиво наменето за трансплантација, бидејќи игра витална улога во ефективното функционирање на цревата.

Ова ново ткиво ќе има и непосредна корист како истражувачка алатка за развивање на лек и истражувањата поврзани со ретката цревна нервна болест, позната како Хиршпрунгова болест.

Според Др. Џим Велш, директор на Cincinnati Children’s Pluripotent Stem Cell Facility, многу орални лекови предизвикуваат дијареја, грчеви и го нарушуваат интестиналниот мотилитет (што предизвикува неможност за празнење и испуштање гасови) и целта на оваа нова технологија ќе биде изработка на лекови без вакви несакани ефекти.

Процесот на растење на цревното ткиво во новата студија е скоро идентично како оној од студијата во 2010-та, и вклучува изложување на човечки плурипотентни матични клетки во биохемиска „купка“ која предизвикува создавање на ткиво во Петриев сад. Меѓутоа, со новата подобрена метода, во втор Петриев сад биле израснати нервни клетки во ембрионска фаза, кои биле изманипулирани да формираат клетки кои би се развиле во комплетно оформени нерви, кои биле измешани со првите со цел да израснат во прво вештачко црево со функционални нерви.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...