VR симулација на пациентот пред првата трансплантација на глава

Минатата година, италијанскиот хирург Серџио Канаверо најави дека ќе ја изведе првата трансплантација на глава врз Валери Спиридонов, Русин кој боледува од мускулна атрофија, во 2017-та. Тој се надева дека доколку му дозволат, операцијата ќе ја изведе во Велика Британија.

Од друга страна, пак, Хант Батјер, претседател на Американската асоцијација на неврохирурзи, вели дека дури и да процедурата успее, Спиридонов може да се соочи со нешто далеку полошо отколку смртта, поради менталните последици предизвикани од трансплантацијата.

Канаверо веќе има тим од хирурзи кои би биле дел од операцијата, вкучувајќи го и контроверзниот кинески хирург Рен Џиапинг кој има извршено трансплантација на глави на околу 1000 глувци – од кои ниеден не преживеал повеќе од неколку минути.

Сега, на конференција за хирурзи во Шкотска, Канаверо открил VR систем кој треба да му помогне на пациентот да се навикне на неочекуваните психолошки реакции по трансплантацијата.

Овој систем со виртуелна реалност е развиен од фирмата Inventum Bioengineering Technologies, и е дизајниран со цел да припреми некого за гледање во огледало и перцепирање на нечие туѓо тело, наместо своето.

Но сепак, никаков VR систем не може да припреми некого за неверојатните хемиски реакции кои би се случувале во мозокот по една ваква трансплантација, бидејќи постојат премногу врски кои треба да се направат помеѓу телото и главата.

Експертите велат дека доколку со некое чудо трансплантацијата успее, наглата промена во хемијата на мозокот кај пациентот ќе предизвика ниво на лудило кое никогаш досега не е видено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...