Нов начин за отстранување на фобиите од мозокот

Невролози нашле начин како да отстранат специфични стравови од мозоците на пациентите користејќи комбинација од вештачка интелигенција (AI) и технологија за скенирање на мозокот.

Овој процес, наречен „декодиран неврофидбек“, не бара никаков свесен напор од субјектот кој сака да ги надмине своите стравови, туку се заснова на идентификување на мозочните модели поврзани за одреден страв и нивно “пребришување„ со користење на систем за наградување.

По ваквиот третман, стравовите ги снемувало засекогаш, а истражувачите велат дека техниката евентуално би можела да се користи за третирање на состојби како што е пост-трауматскиот стрес.

Истражувачот Бен Сејмур од Универзитетот Кембриџ објаснува дека кога во мозокот индуцирале меморија на страв, биле способни да развијат брз и прецизен метод за негово читање со помош на AI алгоритми.

Работејќи со 17 доброволци, научниците прво креирале „меморија на страв“ кај партиципантите, со асоцирање на одредена слика со краток електричен шок.

Наредните 3 дена, доброволците добивале мала сума пари како награда секојпат кога идентичен мозочен модел бил забележан, а им било кажано дека наградата зависи од нивната мозочна активност, без да им биде објаснето ништо повеќе од тоа.

Целта била да мозочниот модел кој се јавувал поради стравот а кој бил идентификуван со AI-то, постепено да се асоцира со наградата наместо со нешто страшно. Така, деловите од меморијата кои претходно го предвидувале болниот електричен шок, биле репрограмирани да предвидуваат нешто позитивно наместо тоа.

Вистинскиот тест бил да се види како партиципантите ќе реагираат кога ќе им биде прикажан оригиналниот сет страшни слики, но истражувачите не забележале никакви знаци на страв или на изразена активност во амигдалата – „центарот за страв“ на мозокот.

Тоа значело дека им успеало да ја редуцираат меморијата за страв без доброволците воопшто свесно да ја искусат во процесот.

Ова е одлична вест за оние кои боледуваат од одредени фобии, бидејќи откога ќе се направи еден вид на библиотека со мозочни информациски кодови за разните работи од кои луѓето имаат патолошки страв, тие ќе можат со редовни сесии на декодиран неврофидбек постепено да ги отстрануваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...