Решена мистеријата за влошениот вид кај дел од астронаутите

За прв пат преку студија презентирана на јубилејното собирање на Радиолошкото здружение на Северна Америка, била разрешена мистеријата зошто астронаутите на долгите мисии имаат проблеми со видот.

Според студијата, тоа е резултат на промените на волуменот на бистрата течност која се наоѓа околу мозокот и во ‘рбетниот столб.

Изминатава декада, било забележано дека голем број од астронаутите кои поминувале долги периоди во вселената пријавувале проблеми со видот, а хирурзите и научниците од NASA пронаоѓале дека нивните астронаути боледувале од замаглен вид, но и од неколку структурални промени на очите.

Било откриено дека задниот дел од очното јаболко им бил сплескан, и врвовите на оптичките нерви биле воспалени. Синдромот е познат како “оштетување на видот со интракранијален притисок“ (VIIP), и е дијагностициран кај скоро две третини од астронаутите кои поминале долготрајни мисии на Интернационалната вселенска станица.

Според водачот на студијата, Др. Ноам Алперин, професор по радиологија и биомедицински инженеринг на Медицинскиот универзитет во Мајами, Флорида, во почетокот никој не знаел што го предизвикува, а до 2010-та веќе имало зголемена загриженост откога станало јасно дека некои астронаути имале толку сериозни структурални промени на очите кои не било можно комплетно да се повратат во првобитната состојба по нивно враќање на земјата.

Во почетокот, научниците сметале дека причина за VIIP бил ефектот на микрогравитацијата врз телото, теоретизирајќи дека опкружувањето на астронаутите го предизвикувало собирањето на течностите блиску до очите, но Алперин верувал дека проблемот лежи во цереброспиналната течност (CSF).

Бистрата течност која го храни мозокот и ‘рбетниот столб со хранливи материи, ги исфрла отровите од нив и служи за ублажување на ударите врз столбот, нормално си ја врши работата и се справува со промените во хидростатичките притисоци со кои се соочуваме на Земјата – како што е стоење откога сме биле во легната положба.

Меѓутоа, условите се различни во ниската орбита над Земјата. Притисоците кои зависат од положбата на телото (на Земјата) ги нема во микрогравитацијата на вселената, и тоа го “збунува“ CFS системот. Така, додека астронаутите кои поминале краток период во вселената имале мали или никакви последици врз видот, оние кои поминале долг период имале значително сплескани очни јаболка, а шуплините низ кои се движела CFS содржеле многу поголем волумен од тешноста, која притискала врз очите.

Дознавањето на причината за овој синдром е првиот чекор кон развивање методи и технологии за негово спречување ви идни мисии (како онаа кон Марс).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...