Паркинсоновата болест започнува во стомакот?!

Нова студија сугерира дека најверојатно цело време погрешно сме размислувале во врска со Паркинсоновата болест.

Наместо да е изолирана во мозокот, нови докази од тестирања врз глувци сугерираат дека состојбата е можно да започнува во стомакот, што објаснува некои чудни случајности забележани кај неа, како на пример фактот дека повеќето пациенти кои имаат Паркинсонова болест се жалат на запек и до декада пред да се појават другите симптоми, а исто така постојат и докази дека овие луѓе имаат различни стомачни бактерии во споредба со останатите здрави возрасни личности.

Болеста најчесто е асоцирана со тресење, вкочанетост и потешкотии во движењето, предизвикани од невроните кои умираат длабоко во мозокот.

Со години, научниците го ограничиле барањето на изворот на болеста само во мозокот, што според најновите докази било многу погрешен пристап.

Најновата студија извршена врз глувци покажува дека токсичните влакна кои се создаваат околу нервните клетки кај пациентите со Паркинсонова болест, влијаат врз нервите во мозокот за само неколку недели. Со ова за прв пат се открила биолошка врска помеѓу стомачниот микробиом и болеста, што може да значи дека таа започнува токму во стомакот, а не во мозокот.

Тимот истражувачи ова го открил преку анализирање на ширењето на токсичните влакна направени од протеинот познат како алфа-синуклеин. Протеинот кај луѓето со здрави нервни клетки се растворува, но кај оние кои имаат Паркинсонова болест, неговите молекули се групираат во грутки и формираат влакна кои ги оштетуваат нервите во мозокот.

Тимот анализирал глувци кои биле генетски модифицирани за да можат да заболат од болеста, преку преголемо производство на алфа-синуклеински влакна. Овие глувци биле растени на два начина: во нормални, нестерилни кафези, и во стерилна околина без микроби.

Оние кои биле растени во стерилната околина развиле помалку моторни оштетувања и помал број на токсични влакна во мозоците, додека оние растени во нормалната средина развиле симптоми на Паркинсонова болест, според нивната генетска предиспозиција.

Третманите со антибиотици успеале да редуцираат дел од симптомите на болеста кај не-стерилните глувци, што сугерира дека имало нешто во нивниот микробиом што ги засилувало симптомите.

Како конечен доказ е фактот што кога на глувците растени во стерилна средина им биле вбризгани стомачни бактерии од човечки пациенти со Паркинсонова болест, состојбата значително почнала да им се влошува.

Стомачните бактерии земени од здрави луѓе немале таков ефект врз глувците.

Тимот сега сака да ги анализира стомачните микробиоми кај луѓето заболени со Паркинсонова болест, со цел да одреди точно кои микроби се предиспозиција за болеста. Доколку можат да идентификуваат одредени нишки, тоа значи дека научниците можат да изнајдат начин да ја откриваат болеста пред да се појават симптомите и да започне оштетувањето на мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...